Почетна Вести Вартоломеј и Ростислав се ракуваа за успешен Собор
Вартоломеј и Ростислав се ракуваа за успешен Собор

Вартоломеј и Ростислав се ракуваа за успешен Собор

777
0

Состанокот на поглаварите на православните цркви во Шамбези – Женева, Вселенскиот патријарх, Вартоломеј го почна со средба со Чешкиот и словачки Архиепископ Ростислав, чиј избор за прв човек на Чешката и словачка православна црква го призна непосредно пред одржување на оваа подготвителна конференција.

Оваа средба меѓу двајцата поглавари има симболична порака на демонстрирање единство пред клучниот состанок на поглаварите на православната црква.

Изборот на Ростислав за Архиепископ на Прешов и неговите критички ставови кон Вартоломеј беше едно од проблематичните прашања кои го отежнуваа одржувањето на подготвителната конференција.

Откако, Руската, а потоа и Бугарската црква побараат Вартоломеј да го признае неговиот избор на Архиепископ, како услов за нивно доаѓање во Шамбези, Вселенскиот патријарх по напорни состаноци во Истанбул успеа да издејствува извинување од Ростислав за неговите напади кон Вартоломеј, по што Вселенската патријаршија соопшти дека го потврдува изборот на Ростислав за Архиепископ на Прешов и на Чешката и словачка правосалвна црква.

Од денеска во Шамбези почнува еднонеделната завршна подготвителна конференција на Православната црква, од која ќе зависи кога и дали, по 1200 години, ќе се оджи Големиот Собор на Православната црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *