Почетна Вести Регион Вартоломеј и Јероним го спомнаа Епифаниј на служба во Солун
Вартоломеј и Јероним го спомнаа Епифаниј на служба во Солун

Вартоломеј и Јероним го спомнаа Епифаниј на служба во Солун

320
3

Историски настан се случи денеска во Солун, во храмот на Света Богородица. Вселенскиот патријарх Вартоломеј и атинскиот архиепископ Јероним, отслужија заедничка литургија на која за прв пат заедно го спомнаа името на поглаварот на Православната црква на Украина, Епифаниј.

Литургијата се очекуваше со зголемен интерес, бидејќи прв пат по одлуката на грчката хиерархија од 12 октомври да ја признае автокефалната православна црква во Украина, беше најавено дека ќе прозвучи и името на нејзиниот поглавар.

Пред големиот вход беа прочитани имињата на сите поглавари на автокефалните православни цркви, и на крај, во диптих и името на митрополитот на Киев, Епифаниј.

Во својот говор по литургијата, Патријархот Вартоломеј му се заблагодари на Архиепископот на Атина за вклучувањето на името на Киевскиот митрополот Епифаниј во диптих на грчката црква.

-Пронајдено е правично решение за долгогодишен проблем што во себе ги држеше милиони луѓе неправедно во оковите на расколот. Оваа рана се лекуваше според нејзиниот авторитет од Големата црква на Константинопол и сите негативни настани потоа не беа во најмала рака на нејзина вина, зашто таа ги повика сите на единство. Со нетрпение ја очекуваме посетата на митрополитот Епифаниј на овој град за да видат нашите браќа во Украина дека Грците, од кои тие ја прифатиле вера и просветата, повторно ги прифаќаат како вистински браќа во Светиот, изјавил Вартоломеј.

Коментар(3)

  1. СВЕДОЦИ! На љубовта,единството и заемноста, Кој не е со нив тој расцепува и раздорува!
    зошто негодување и противење,единството на православието е близу само да се покораат гордите!

  2. Svedoci?? Svedoci na raskol? Svedoci koi go raznebituvaat pravoslavieto. Povtorno go raspnaa Hrista… izvrtuvanje, manipuliranje na vistinata i kanonite.
    Na zdravje unijatenje!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *