Почетна Вести Христијанство Вартоломеј: Границите на СПЦ нема да се менуваат без соработка
Вартоломеј: Границите на СПЦ нема да се менуваат без соработка

Вартоломеј: Границите на СПЦ нема да се менуваат без соработка

427
2

Вселенскиот патријарх Вартоломеј рече дека Цариградската патријаршија нема намера да го менува Уставот на Српската православна црква (СПЦ) и нејзините граници, иако некои го поистоветија случајот на Украина со Скопје и Црна Гора, кога на некои локални црковни структури им беше дадена автокефалија и покрај спротивставувањето на Руската православна црква.

-Во овој момент, за жал, постојат многу дезинформации. Некои го изедначуваат случајот на Украина со Скопје и Црна Гора, и тоа го прават многу вешто, затоа што сакаат да ја свртат СПЦ против Цариградската патријаршија”, рече патријархот Вартоломеј за Политика.

Тој рече дека „многу епископи на Српската православна црква се плашат дека она што се случи таму ќе се повтори и во Црна Гора и во Охрид. Можам да ве уверам дека работите не се такви.”

„ Ве уверувам дека работите не стојат така. Разликата во поглед на Украина, канонски и еклисиолошки, е во тоа што Русија упадна и ја окупира Киевската митрополија и дека никогаш не и беше дадена, додека Србија се што има и припаѓа канонски и еклисолошки. Тоа значи дека Вселенската патријаршија нема намера да го измени Уставот на Српската православна црква или нејзините граници, освен доколку тоа не е придружено со договор и соработка, изјави патријархот Вартоломеј..

Руската православна црква го обвини патријархот Вартоломеј дека „упадна” во канонската територија на Украина и дека на расколнички црковни организации, надвор од секакви правила, им даде автокефалност.

За РПЦ, а тоа е и ставот на СПЦ, единствената канонска црква во оваа област е  Украинската православна црква, која работи во рамките на Московската патријаршија како автономна.

Оваа есен на покана на СПЦ во Белград ќе допатува Вартоломеј на прослава на осумте векови од осветувањето на Свети Сава.

Коментар(2)

  1. Не уништија како народ!
    Си ги толкуваат законите и каноните по желбите на нивните срца под завесите на Каноните! Во Украина Руски народ Украинска Црква,Во Македонија македонски народ Српска Црква.И кој повеќе има право на Афтокефалија…
    И се уште трае прашањето зошто СПЦ не сакаат да седнеме на маса и да ги разгледаме тие Канони?

  2. Лажните граници на лажните пастири секако нема да се менуваат, освен ако сами не си ја отсечат страста на нивното трагикомично властољубие. А вистинските граници на вистинските пастири се од сосем поинаква природа. Нив никој никогаш не ни посакал да ги пренебрегне. Впрочем, во тоа и е убавината на ова тешко време: секој се вбројува себеси таму каде што навистина припаѓа. Некои ќе покажат административни документи, а некои небесен идентитет. Земните ќе проговорат за земното, небесните ќе си сведочат за небесното. Ама, зборвите на сите еден ден ќе преминат (исчезнат), а Христовите зборови знаеме – нема.

Напиши одговор на Андреа Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *