Вселенскиот патријарх Вартоломеј повика на прекин на руската воена агресија врз Украина,посочувајќи дека од чинот на над на независна и суверена држава, споредувајќи ги настните од пред Втората Светска Војна и повика на молтива за мир.
-Всушност, во последните неколку дена во Украина се случи трагична хуманитарна катастрофа. Војна која како и секоја војна е одвратна и е за осуда ситуацијата. Тоа е доминација на ирационалноста над разумот, омразата над љубовта, темнината над светлината, смртта над животот. Повторно, од оваа позиција, упатуваме уште еден повик за прекин на војната, сега! Веднаш престанете со секој чин на насилство, се што шири болка и смрт. Нека надвладее разумот, љубовта кон ближниот, помирувањето и солидарноста, светлината на Воскреснатиот Христос, дарот на животот. Го изразуваме нашето целосно сочувство до нашиот брат, Приматот на Црквата на Украина, Неговото Блаженство Митрополитот Киевски Епифаниј и нашата непоколеблива поддршка за сите сериозно настрадани украински луѓе кои имаат длабока вера во Бога и избрале да живеат слободно и да си го определат своето живее како што заслужуваат како секој народ. Иако, за жал, во денешно време некои стигнаа до точка да го доведуваат во прашање дури и нивното историско и национално постоење. Нашите мисли постојано се со ранетите и со семејствата на невините жртви, без разлика на нивната етничка припадност, и се молиме за мир на нивните души со Господарот на животот и смртта. Сигурни сме дека Бог ќе ги чуе нашите молитви и нема да ги остави своите сакани деца во Украина, изјави Вартоломеј.
