Почетна Вера МПЦ-ОА Варошанецот Иван Лотески повторно го фати крстот во Охрид
Варошанецот Иван Лотески повторно го фати крстот во Охрид

Варошанецот Иван Лотески повторно го фати крстот во Охрид

293
0

Ниските температури и студената вода од само шест степени Целзиусови, не беа пречка за неколку стотини млади да запливаат по чесниот крст кој традиционално се фрла во осветените води на Охридското Езеро за празникот Водици. Најсреќен и највешт помеѓу нив повторно беше варошанецот Иван Лотески, кој и минатата година прв доплива до крстот. За 28- годишниот Лотески овој момент има посебно значење, а среќата ја сподели со сите граѓани на Охрид.

За безбедноста на капачите се грижеа спасувачки тимови во вода и на копно, кои интервенирале во четири наврати. Две момчиња биле извлечени од студените езерски води поради грч, а двајца се здобиле со посекотини.

И годинава празнувањето на Водици во Охрид беше во организација на Дебарско-кичевската епархија и општината, без културно – забавна програма и пропратни манифестации. Церемонијата на градското пристаниште во Охрид ја следеа неколку илјади граѓани и гости.

Водици во Охрид денеска ќе се слават во угостителските објекти и домовите на охриѓани, а богојавленските празници ќе бидат заокружени утре на пладне, со традиционалното зимско капење на рибарите.

/telma

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *