Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

Date:

Share post:

Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ вчера соопшти дека пријавила во полиција упад на манастирскиот имот „Св Атанасиј“ на тетовското Кале. Во упадот оштетена е црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета.

Посочуваат дека ова се случува нецели десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава.

– Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност, соопшти Тетовско-гостиварската епархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...