Почетна Вести Вандали удрија по црква во Рајчица

Вандали удрија по црква во Рајчица

1.05K
0

Трагачи по злато ја осквернавиле и оштетиле црквата Св. Варвара во Горна Рајчица. За вандалскиот настан, документиран со фотографии извести „Бигорскиот манастир“, потенцирајќи дека најверојатно станува збор на вандали-трагачи на злато, што не е прв пат на ваков начин да бидат уништувани цркви и манстири на МПЦ.

-Апелираме, нека најпосле се свестат овие безумници коишто на погрешно место трагаат по материјални богатства – вистина нашите светилишта се големи ризници, но не на материјални туку на духовни блага. И да знаете, попусто тука барате богатства според некакви измислени лажни мапи, од кои 99 % се направени од страна на обични манипулатори – сензационалисти. Злато нема да најдете! Единствено што можете да си заработите е голема осуда и проклетство, не само за вас, туку и за вашите семејства и тоа генерации нанапред, бидејќи дрско се осмеливте да го уништувате со векови од Бога сочуваното свето и скапоцено уметничко богатство, кое во најтешките времиња било создавано од нашите предци, стои во реакцијата на „Бигорскиот манастир“

Црквата Св. Вмч. Варвара е храм од XVII век. Се наоѓа во живописниот пејзаж на Горна Рајчица, нешто над Бигорскиот метох и женски манастир „Св. Георгиј Победоносец“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *