Почетна Вести Валс: Франција нема да ја гарантира слободата на исламот ако муслиманите не ѝ помогнат на земјата
Валс: Франција нема да ја гарантира слободата на исламот ако муслиманите не ѝ помогнат на земјата

Валс: Франција нема да ја гарантира слободата на исламот ако муслиманите не ѝ помогнат на земјата

199
0

Ако муслиманите во Франција не ѝ помогнат на земјата во борбата против екстремистите и против оние што ѝ се закануваат на Републиката, на Париз ќе му биде „сè потешко“ да ја гарантира слободата на исламот, рече францускиот премиер Мануел Валс.

„Преку нејзината историја и нејзината географија… и преку нејзината миграција, Франција одржува многу силни врски со исламот“, напиша Валс во долг есеј во францускиот неделник Ле журнал ду диманш.

franc premierСпоред премиерот, исламот е „втора најголема религија“ во Франција и многу француски муслимани не треба да се идентификуваат себеси „како арапско-муслиманска култура“.

Сепак, во земјата почна да се шири „ужасниот отров“ на екстремизмот, пишува францускиот премиер.

„Полека, подмолно, со заднина од странски влијанија и сè поголемо затворање во комуни, развиен врз општествен модел спротивен на Републиката и нејзините вредности. Многу муслимани во Франција се заложници на фундаменталистичкиот салафизам, Муслиманското братство, кои ја користат својата религија како барјак, како оружје против другите.“

И затоа Париз мора да „смисли рамнотежа со исламот“, според која „Републиката дава гаранција за слободно практикување на некоја религија“, заклучи Валс.

„Ако исламот не ѝ помага на Републиката да се бори против оние што ги поткопуваат јавните слободи, ќе биде сè потешко Републиката да ја гарантира таа слобода на религиозно изразување“.

Тој додава дека земјата треба „да изгради вистински договор со исламот во Франција и тој темел треба да има централно место.”

Екстремизмот „принудува стотици лица, а понекогаш и многу млади – мажи, жени од муслиманската култура или оние што подоцна преминале – да земат оружје в рака и да се свртат против својата земја“, пишува Валс.

policija francija„Ние мора да бидеме – и сме – безмилосни со сите оние што промовираат омраза и го застапуваат насилството. Религиозните храмови што ги вдомуваат овие (џихадистички) проповедници се и ќе бидат систематски затворани. Ако проповедниците се странци, ќе бидат депортирани.“

Францускиот премиер претходно предложи повторно да се размисли за односите со исламот. Во петокот тој рече дека размислува за привремена забрана на странското финансирање на џамиите.

Франција ја потресоа серија напади поврзани со Исламска држава од јануари 2015 година. Најголемиот напад се случи во ноември 2015 година, кога беа убиени најмалку 130 луѓе. По нападот Франција воведе вонредна состојба, која трае и денес.

/МКД.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *