
Валламскиот манастир објави вест за Рускиот крст осветен од МПЦ
843
0
Најпознатиот, Валаамски манастир на Руската православна црква, чии претставници беа на осветувањето на Рускиот крст во Лешок, ја сподели веста за осветувањето на својата интернет страница, заедно со фотографиите од настанот.
Монасите на „Валлам“ пишуваат дека чинот на осветување го направил Архиепископот на Македонската Православна црква-ОА, г.г Стефан, без притоа да наведува дека станува збор за канонски непризната црква, како што тоа вообичаено го прави РПЦ кога објавува информации поврзани со МПЦ.
Во веста е и опишана причината за поставувањето на грандиозниот крст во Лешочкиот манастир.
Валаамската монашка делегација ја предводеше, Игуменот Методиј, кој по потекло е од Македонија.
/РЕЛИГИЈА.МК