Почетна Вести В недела осветување на црквата „Свети Пантелејмон“ во Прилеп
В недела осветување на црквата „Свети Пантелејмон“ во Прилеп

В недела осветување на црквата „Свети Пантелејмон“ во Прилеп

284
0

На 7 август, во недела, ќе биде осветена црквата „Св. Пантелејмон“, изградена во кругот на прлепската болница „Борка Талески“, соопшти денеска градоначалникот Марјан Ристески.

pantelejmon 2– Иницијативата за изграба на малата црква „Свет Пантелејмон“ во кругот на болницата е од пред четири години по барање на верниците и проектот за нејзината изградба влезе во деталниот урбанистички план. Темелите беа поставени на 19 април 2012 година, а задутре ќе биде осветена па ги покануваме верниците да присуствуваат на чинот на осветувањето, рече Ристески.

Осветувањето ќе почне во седум часот, а со него ќе чиноначалствува владиката Петар во сослужение со прилепското архиерејското намесништво.

За прилепскиот архиерејски намесник, протојереј Благоја Станкоски, еднаш се осветува црква и тоа е свет чин. – Осветувањето е  посебен  и значаен чин и затоа е пожелно верниците да се запознаат со него, оти црква еднаш се осветува, рече Станкоски.

Од локалната самоуправа уверуваат дека црквата е изградена по сите црковни стандарди во чест и спомен на светецот, заштитник на болните и на лекарите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *