Почетна Празници Утре не заборавајте да простите и да побарате прошка
Утре не заборавајте да простите и да побарате прошка

Утре не заборавајте да простите и да побарате прошка

342
0

„Прости ми, да ти простам“ се зборовите кои утре треба да ги изговорат верниците по повод големиот празник, Прочка или Велики Поклади. Обичајот е помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.
Затоа утре заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле. На тој начин ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости.

Прочка или Велики поклади е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на  седум недели пред Велигден.

АМКАЊЕ И ПРОСТУВАЊЕ

На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се простувањето, оттука и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и традиционални, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите.

Procka 1Од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Procka 4Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

ПОЧЕТОК НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПОСТИ

Наредниот ден по Прочка е чист понеделник, од кога почнуваат најдолгите пости, Велигденските. Но опседнатоста со тоа што ќе се јаде за време на постот не треба да е доминантна мисла на верниците.

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *