Утре на Плаошник заупокена литургија за владиката Тимотеј

Date:

Share post:

Дебарско-кичевската епархија соопшти дека утре со почеток од 9 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник, верниците ќе можат да се просат од својот владика, каде ќе бидат изложени неговите посмртни останки. Заупокоена Света Архиерејска Литургија ќе отслужи викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, епископот Антаниски Партениј.

-Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа нашиот возљубен архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја.

Утре, со почеток во 9:00 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба истиот ден.
Вечен ти спомен, достојнопочитуван и секогаш споменуван наш сакан архипастиру!, стои во соопштението од Дебарско-кичевска епархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img