Почетна Политичка теологија Утре меѓународна конференција за правото на верските заедници и за слободата на вероисповед на правниот факултет во Скопје
Утре меѓународна конференција за правото на верските заедници и за слободата на вероисповед на правниот факултет во Скопје

Утре меѓународна конференција за правото на верските заедници и за слободата на вероисповед на правниот факултет во Скопје

53
0

Утре 6.11.2018 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, ќе се одржи Меѓународна конференција посветена на правото на верските заедници и на слободата на вероисповед, во организација на германската фондација „Конрад Аденауер“ и Правниот Факултет.

Настанот свечено ќе го отворат деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Горан Коевски и Хермут Ранк, раководител на програмата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ за владеење на правото во Југоисточна Европа.

На конференцијата ќе биде промовирано учебното помагало: „Прирачник за правото на верските заедници и за слободата на вероисповед во Република Македонија“ од авторите проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска и доц. д-р Александар Спасеновски, како и заклучоците од националното истражување за религијата и за образованието од авторите доц. д-р Владимир Божиновски и Марајан Николовски.

На настанот, исто така, со свои обраќања ќе учествуваат и д-р Отмар Оехринг, координатор на проектот за меѓународен религиски дијалог на Фондацијата „Конрад Аденауер“, како и д-р Александар Митов, експерт по јавно здравје и истражувач на религиските практики.

Учебното помагало „Прирачник за правото на верските заедници и за слободата на вероисповед во Република Македонија“ од авторите проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска и доц. д-р Александар Спасеновски е прв ваков труд од оваа област и истиот ќе го изучуваат студентите од политичките студии, студиите по односи со јавноста и студиите по новинарство, како и студентите на постдипломски студии на насоката по уставно право.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *