
Со светата Архиерејска Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” г. Марко е устоличен за прв Епископ Делчевско-каменички, со што Делчево стана еоископско седиште за прв пат во историјата.
На Литургијата началствуваше Епископот делчевско-каменички г. Марко, а сослужуваа Митрополитите: крушевско-демирхисарскиот г. Јован, брегалничкиот г. Иларион, кумановско-осоговскиот г. Григориј, од МПЦ-ОА и Епископите: врањскиот г. Пахомиј, австриско-швајцарскиот г. Андреј, нишкиот г. Арсениј од СПЦ.
Молитвено присуствуваа и Епископите: дељадровско-илинденскиот г. Јоаким, хераклејскиот г. Климент, дремвитскиот г. Давид, стобискиот г. Јаков и пензионираниот Митрополит кумановско-осоговски г. Јосиф.
Чинот на устиоличување го изврши Митрополитот г. Иларион од чија епархија беше создадена новата епархија на МПЦ-ОА.