Синодот на Бугарската православна црква се подели околу глсањето за одлуката која се однесува на дејствувањето на Руската православна црква во канонската јуриздикција на Александриската патријаршија. Мнозинството архиереи на БПЦ донеле одлука да се воздржуваат од сослужување со митрополитот Леонид Горбачов (Московски патријаршија), кого Александриската патријаршија го врати во редот на монасите.
БПЦ добила писмо од Александрискиот патријарх Теодор II, со кое тој ја известува за неканонските постапки на патријархот Московски и на цела Русија Кирил на канонските (географски) територии на Александриската патријаршија, потоа заза изрекувањето на црковната казна на митрополитот Леонид Горбачов (Московски патријаршија) и неговото враќање во редовите на монасите, како и суспендирање на неопределено време споменувањето на Патријархот Московски и на цела Русија.
Синодот одлучил писмото да го испрати до Канонско-правната комсија на БПЦ која треба да донесе решение за овој прблем, а потоа да го запознае Синодот во полн состав.
Дополнително Синодот одлучил духовниците на БПЦ да се воздржуваат од Богослужење со митрополитот Леонид до конечено решение на Синдоот.
За решението гласале, Патријархот Неофит, митрополитите Великотрновски Григориј, Пловдивски Николај, Неврокопски Серафим, Русенски Наум, Старозагорски Кипријан, Врачански Григориј, Доростолски Јаков.
Против гласале митрополитите Ловченски Гаврил, Варненски ви великопреславски Јован и Видинскиот Даниел.

