Почетна Вера Католичка црква Унијатите во Македонија го одбележаа Божик
Унијатите во Македонија го одбележаа Божик

Унијатите во Македонија го одбележаа Божик

541
0

Скопскиот Бискуп и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов отслужи полноќна света Архиерејска Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица, за празникот Рождество Христово – Божик, кој верниците на Католичката црква од византиски обред – Унијатите го слават на 7 јануари.

-Со обожување на вештачката светлина сведоци сме на занемарување на природната светлина. Човекот на денешнината е човек на теминина во себе, во општеството дури и во историјата. И така браќа и сестри, дојдовме до темата, која би сакал со вас да ја споделам во оваа света Литургија. Најсилната светлина што ни е дарува не е таа надворешна, уште помалку вештачката, туку нам ни е дарувана светлина во совеста што ја расветлува нашата внатрешност, посочи Стојанов во Божикната проповед.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *