Почетна Вести Европа УНЕСКО и ЕУ жалат поради одлуката на Турција за претворање на Аја Софија во џамија
УНЕСКО и ЕУ жалат поради одлуката на Турција за претворање на Аја Софија во џамија

УНЕСКО и ЕУ жалат поради одлуката на Турција за претворање на Аја Софија во џамија

135
0

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прогласи истанбулска Аја Софија за отворена за муслимански верски служби, откако судот одлучи дека претворањето на некогашната византиска црква во музеј во 1934 година било незаконско.

Одри Азолеј, директорката на УНЕСКО, организацијата на ОН за образование, наука и култура „многу жали поради одлуката на турските власти, донесена без претходен дијалог, да се измени статусот на Аја Софија. Таа вечерва му ја изрази длабоката загриженост на амбасадорот на Турција во УНЕСКО“, обсјави во соопштениет организацијата.

„Аја Софија е дел од историските зони на Истанбул впишани во листата на светското наследство на УНЕСКО“, истакна директорката на организацијата.

Станува збор за „ремек-дело на архитектурата и единствено сведоштво за средбата на Европа и Азија низ вековите.Нејзиниот статус на музеј ја претставува универзалноста на нејзиното наследство и од неа создава силен симбол на дијалогот“, додаде таа.

Турскиот претседател веќе подолго време предлагаше на византиската базилика да ѝ се врати статусот на џамија, иако е едно од најпосетените знаменитости во Турција.

САД, Грција, Русија и црковните лидери истакнаа загриженост поради менувањето на статусот на големото здание од 6 век, кое било пренаменето во музеј во првите денови на модерната секуларна држава под Мустафа Кемал Ататурк.

УНЕСКО ги повика турските власти веднаш да отворат дијалог. „Важно е да се избегне спроведување на која било мерка која не била претходно расправана со УНЕСКО“, изјави Ернесто Отоне Рамирез, функционерот на организацијата задолжен за култура.

Здружението кое го отвори случајот и правната битка долга 16 години тврди дека Аја Софија била во сопственост на османлискиот султан Мехмед Втори кој во 1453 го освоил тогашен Константинопол, и ја претворил 900 години старата византиска црква во џамија.

Европската Унија исто така изрази жалење, а шефот на нејзината диломатија Жосеп Борел кажа дека „песудата на турскиот Државен совет да укине една од клучните одлуки на модерна Турција и одлуката на претседателот Ердоган да го стави тој споменик под Управата за верски прашања е за жалење“.

Во пресудата, турскиот Државен совет, највисокиот турски управен суд во Анкара, вели дека е „заклучено дека со решение на спогодба (Аја Софија) добила намена на џамија и дека е нелегална нејзината намена надвор од тоа“.

„Одлуката на владата од 1934 која ја завршила нејзината намена на џамија и која ја дефинирала како музеј, не била во согласност со законите“, истакна судот, реферирајќи на указот потпишан од Ататурк.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *