Почетна Анализа Украински црковен експерт: древната Охридска Архиепископија наскоро ќе оживее по пауза од 250 години
Украински црковен експерт: древната Охридска Архиепископија наскоро ќе оживее по пауза од 250 години

Украински црковен експерт: древната Охридска Архиепископија наскоро ќе оживее по пауза од 250 години

1.47K
1

Македонската православна црква – Охридската архиепископија е во канонска изолација. Ова е нешто слично со тоа како што пред неколку години официјално Скопје не можеше да влезе ниту во НАТО ниту во ЕУ заради позицијата на Грција во врска со името на земјата. Признавањето на Охридската архиепископија се блокира од страна на Српската православна црква. Претседателот и премиерот на Северна Македонија се обратија до Вселенскиот патријарх Вартоломеј и тој навестува дека е подготвен да ја реши кризата и да ѝ даде на Македонија автокефалност, пишува украинскиот црковен експерт Дмитро Горјевој, прв човек на невладината организација „Центар за верска безбедност“.

Во продолжение, ви го пренесуваме неговиот текст во целост:

Историски спорови

Православието на територијата на современа Северна Македонија се појави во првиот милениум, а веќе во Х век тука постоеше автокефалната Охридска архиепископија. Тоа беше мултинационална црква на Србите, Грците и Бугарите. Иако последните имаа клучна улога и ја сметаат Охридската архиепископија за првиот историски период на Бугарската црква.

Во првата половина на ХІІ век, српскиот дел од оваа црква, со политичката поддршка од принцот Стефан Душан, доби автокефалност од Цариградскиот патријарх. Во исто време, архиепископот Димитриј Хоматијан од Охрид беше многу револтиран од фактот дека на Србите им била дадена автокефалност без усогласување со него.

Српската црква од тогаш имала долга историја. Нејзината автокефалност исчезнуваше па се појавуваше повторно. Автокефалноста на Охридската архиепископија конечно беше укината во 1767 година и стана дел од Цариградската патријаршија.

Откако Бугарите самопрогласија автокефалност во 1872 година, територијата на сегашната Северна Македонија влезе под јурисдикција на Бугарската црква. И по Првата светска војна и формирањето на Обединетото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, таа стана дел од Кралството.

Во 1919 година се одржа извонреден црковен собор. Во него учествуваа одеднаш три автокефални цркви: Карловачката патријаршија, Белградската митрополија и Црногорската црква. Сите тие се обединија во единствена Српска православна црква. Покрај тоа, новата црква вклучуваше епархии на Цариградската патријаршија, кои, како резултат на Балканските војни и Првата светска војна, станаа дел од Кралството. Меѓу нив беше и Македонската црква.

Во томосот на Српската црква јасно се наведуваат епархиите кои беа одделени од Цариградската патријаршија и приклучени кон новоформираната Српска црква. Покрај тоа, во документот се истакнува дека причината за автокефалноста е промената на политичките граници.

„Правилната организација и канонскиот поредок имаат својство да ги корегираат и уредуваат границите на црковната јурисдикција во согласност со политичките промени“.

За време на Втората светска војна, територијата на Македонија беше вратена под контрола на Бугарската црква, но по завршувањето на војната Србите ја повратија својата власт. Во 1967 година, Македонците, додека беа сè уште со Србите во обединетата Југославија, веќе почнаа да бараат автокефалност. Белград одби, а Скопје еднострано прогласи независност на црквата. Подоцна, Србите ги анатематизираа.

При тоа, тие дејствуваа дури и полошо од Русите. Вторите му фрлија анатема само на Филарет, сегашниот почесен патријарх, а Србите ги проколнуваа сите во црквата: епископите, свештениците, па дури и обичните македонски верници. Повеќе од половина век, верската криза не е решена, а Македонците и понатаму остануваат во раскол и без контакт со светското православие.

Украинското сценарио

Кои се предусловите на Македонците за добивање автокефалија? Прво, томосот им беше даден на Србите за Обединетата црква на Кралството. Кралството одамна не постои, но постојат одделни држави, во една од кои се има своја црква, која е во раскол и без комуникација со светското православие. Ова директно се коси со томосот, имено, целта на издавањето на документот – за да има во него голема корист за христијанскиот народ.

Очигледно, Македонците не добиваат никаква корист од тоа што се во канонската изолација. Ова може да биде главниот аргумент на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во корист на издавањето томос на Македонците. За што повеќепати го замолуваа поранешниот и сегашниот претседатели на Северна Македонија – Горѓе Иванов и Стево Пендаровски, како и сегашниот и поранешниот премиери – Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Понатаму, патријархот Вартоломеј може да го следи украинското сценарио, истакнувајќи дека кризата на расколот од страна на Српската црква не се реши за 50 години и да ја преземе ситуацијата во своите раце. Условите на томосот на Српската црква може да се ревидираат, бидејќи условите што биле за времето на неговото издавање се променети. Вселенскиот патријарх, поради усложнувања во пастирската грижа и за враќање на заедничка причест на Македонците, може да ја укине дозволата за вклучување на македонските епархии во Српската црква.

И понатаму, според „украинското сценарио“: Вселенскиот патријарх ја враќа својата јурисдикција и веќе на својот дел му дава автокефалност. Нема мешање во туѓата канонска територија, само се враќа своето и на својот дел му се враќа автокефалноста. Моментално ова е најверојатното сценарио.

Црковна пропаганда

Сепак, како автокефалноста на Православната црква на Украина (ПЦУ) имаше противници, така и автокефалноста на Македонците има своите противници – просрпски ориентираните лидери. Неодамна во некои од македонските изданија почнаа да се појавуваат материјали кои ја критикуваат појавата на ПЦУ и шират голем број лажни тези. Јас ќе се фокусирам само на некои примери за ширење на дезинформации.

  • Прво, Вселенскиот патријарх не ги назначува поглаварите на црквите. Тие се избираат. Не Фанарот, туку украинските епископи беа тие што го избраа Митрополитот Епифаниј да биде нивен примат.
  • Второ, присуството на егзархот на Вселенскиот престол во Украина не значи негова власт во Украина. Егзархот не може да биде повисок во функција и надлежност над поглаварот на автокефалната црква. Исто како што амбасадор не може да има поголема моќ од претседателот.
  • Трето, набавување на Светото Миро (кое е потребно за извршување на таинството на помазание) не е знак на зависност. Ерусалимската патријаршија, како и ПЦУ, добива миро од Цариград. Во исто време, никој не го доведува во прашање автокефалниот статус на Ерусалимскиот патријарх.
  • Четврто, правото на апелирање до Вселенскиот патријарх не е каприц на вториот или неговите обиди да ја зголеми својата власт. Ова право беше утврдено уште на IV Вселенски собор во 451 година (правило бр.9). Стандардно важи за сите автокефални цркви, ама некои не го почитуваат. За да се спречи тоа, украинскиот томос содржи она што всушност имплицитно се содржи во сите други томоси.

Last but not least, во врска со дијаспората. Вселенската патријаршија, врз основа на правило бр.28 од IV Вселенски собор, смета дека сите дијаспори треба да бидат под нејзината јурисдикција. Ова е територијалниот или географскиот принцип на организација на црквата. Постојат историските граници на црквите што ги следат државните граници, и сè што е вон нив е територијата на патријархот.

Другите цркви, најпрво словенските, како и романските и грузиските, го застапуваат правото на национална дијаспора. Романците – на романската црква, Грузијците – на грузиската и Русите – на руската. Ова е етничкиот принцип на црковното организирање. Овој принцип се нарекува етнофилетизам и беше осуден уште во 1872 година во случајот против Бугарите.

Се чини дека наскоро античката Охридска архиепископија ќе добие втор живот и ќе ја обонови својата автокефалност по пауза од 250 години.

Автор: Дмитро Горјевој, украински црковен експерт

/Текстот во оригинал е објавен на plusinfo.mk

Коментар(1)

  1. da ne dade Bog da se sluci ukrainskoto scenario. Poglednete tamu sto se slucuv, poglednete go sekojdnevnoto tepanje na svestenici i vernici i po plodot ke gi poznaete… ako toa i tuka go sakame Bog da ni e napomos. Ako imate hrabrost samo poglednete sto kazuva blazenoupokoeniot starec Grigorij dohiarski… i se ke vi stane jasno.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *