Украина втора година го слави Божиќ на 25 декември

Date:

Share post:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати Божиќна честитка.

„По вторпат го славиме Божиќ на ист датум како едно големо семејство, една земја. По втор пат во модерната историја, Божиќ ги обединува сите Украинци.

Без разлика дали лично или во мислите, ќе се поздравиме, ќе им се јавиме на родителите, ќе ги бакнеме децата, ќе ги гушкаме нашите најблиски и ќе се сеќаваме на оние кои ни се драги. Лице в лице, оддалеку или во нивните срца, Украинците денес се заедно. И се додека го правиме тоа, злото нема шанси.

Ова единство и топлина кон другите го отелотворува вистинскиот дух на Божиќ, уникатна атмосфера што ќе ја зачуваме во себе и ќе ја споделиме со оние околу нас. Со оние што ги сакаме. Со оние кои се наше семејство, а денес тоа е секој Украинец.

Среќен Божиќ на сите! Христос се роди! Да го славиме!“, порача украинскиот претседател.

1 COMMENT

  1. Па сите го слават Божиќ на 25 декември, само што по стариот календар, бидејќи е задоцнет 14 дена, Божиќ се паѓа на 7 јануари

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...