Почетна Вести Регион Украина и Македонија главни теми на средбата на грчкиот архиепископ и американскиот амбасадор
Украина и Македонија главни теми на средбата на грчкиот  архиепископ и американскиот амбасадор

Украина и Македонија главни теми на средбата на грчкиот архиепископ и американскиот амбасадор

255
0

Американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајт има среда со грчкиот архиепископ Јероним, на која главни теми на разговор, како што пишуваат медиумите во Атина биле Украина и Македонија.

Двајцата разговарале за црковното прашање во Украина и за проблемот со името на Република Македонија.

Американскиот амбасадор потенцирал дека православната црква може да има клучна улога за мирот и помирувањето меѓу народите.

Грчкиот Архиепископ пак, посочил дека за случајот со Македонија треба да се земат вредвит сите мислења пред да биде донесено конечно решение, додека пак за Украина нагласил дека треба да се работи внимателно, знаејќи кој се е вклучен во тоа прашање.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *