Почетна Вести Укаринскиот Парламент бара Вартоломеј да признае автокефална Украинска црква
Укаринскиот Парламент бара Вартоломеј да признае автокефална Украинска црква

Укаринскиот Парламент бара Вартоломеј да признае автокефална Украинска црква

122
0

ukraina Kievska PatriarsijaУкраинскиот Парламент, или познатата „Рада“ ќе бара од Вселенската Патријаршија и Патријархот Вартоломеј, признавање на Автокефалноста на Украинската православна црква.

Текстот на иницијативата веќе е во собраниска процедура, а иницијатори се Претседателот на Украинската Рада, Андреј Парубиј и уште петмина пратеници.

Во иницијативата се наведува дека „Константинопол, раководејќи се од интересите на национлната целина“ го благословил создавањето на четири автокефални цркви во последните 150 години. Во писмото кое треба да биде испратени стои апел до Патријархот Вартоломеј да издаде Томос за автокефалност на Православната црква во Украина, основ по кој таа ќе може да си го заземе своето место во семејството на Православните цркви.

-За време на Вашата посета на 26 јули 2008 година на нашата држава, за признавањето на 1020 години од покрстувањето на Киевска Рус, Вие, Ваша Светос, во своето обраќање кон украинската нација на плоштадот „Св. Софија“, јасно јасно одбележавте неколку прашања од исклучително значење за решавањето на украинскиот црковен проблем: исклучителната одговорност и задолжителна мисија да се почитува канонскиот поредок; тестаментите од историјата мајчинска право на Цариградската црква во однос на Православната црква во Украина, а исто така и односот кон актот од 1686 година, или, како Вие се изразивте “анексијата  од страна на Руската држава, стои во иницијативата.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *