
1.15K
2
Ноќта на 5 јануари во женскиот манастир посветен на Света Ксенија, по голем број убоди, починала Игуманијата на манастирското сестринство, Монахињата Василиса, соопшти официјалниот сајт на Руската православна црква.
Истрагата покажала дека монахињата била убиена со многу убоди, од психичко болна жена од Казакстан, која своевремено престојувала во манастирот. Жената е на 29 години.
Игуманијата Василиса е родена на 10 март 1949 во Сосенца- Укарина. Од 2004 беше игуманија на манастирот во Белорусија.
Украсена со маченички венец, Преподобната мајка Василиса ја приброи Господ во Соборот на Белоруските Светии. Нејзиниот свет спомен секогаш ќе сведочи за бесконечната љубов на монасите кон секое човечко суштество и подготвеноста да го прегрнат секој неволник како свој најсакан ближен. По нејзините свети молитви Бог да ги урне границите во човечките срца претворајќи ги во непосрамлива љубов кон ближните. Амин.
Амин