Почетна Вести Убиен имам во Њујорк
Убиен имам во Њујорк

Убиен имам во Њујорк

209
0

Непознат напаѓач уби со огнено оружје еден њујоршки имам и неговиот помошник во близина на нивната џамија во Квинс, јавија денеска американските медиуми.

Њујоршката полиција соопшти дека имамот Маулама Аконџи (55) и неговиот помошник 64-годишниот Тара Јудин се убиени вчера среде бел ден, околу 14 часот по локално време во делот на Квинс, кој се нарекува Озон Парк.

Imam ShotВо тој кварт, на границата меѓу Квинс и Бруклин живеат голем број муслимански семејства од Бангладеш.

Напаѓачот им пришол на двајцата мажи од зад грб и отворил оган кон нив, стрелајќи ги во главата. Имамот починал на лице место од куршумот кој му бил испукан во главата, додека неговиот помошник починал во болница.

Полицијата нагласи дека убиецот побегнал со пиштолот в рака од местото на злосторството.

Имамот и неговиот помошник се убиени додека ја напуштале џамијата Ал Фуркан Џаме Масџид по саботната попладневна служба и биле облечени во традиционална муслиманска облека.

Полицијата наведува дека мотивот за убиството засега е непознат и оти засега никој не е уапсен во врска со инцидентот.

– Ништо во текот на прелиминарната истрага не укажа дека тие се убиени поради нивната вера, изјави портпаролот на полицијата.

Од канцеларијата на њујоршкиот градоначалник нагласуваат дека полицијата ги истражува сите можности, па и тие дека станува збор за злосторство од омраза.  На местото на убиството пред џамијата доцна синоќа се собраа повеќе од стотици луѓе, од кои многумина извикуваа „Сакаме правда“.

Советот за американско-исламски односи организираше прес-конференција во близина на местото на злосторството, на која имамот на друга џамија Кобир Чоудри изјави: „Тоа е злосторство од омраза, насочено против исламост“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *