Почетна Вести Турски овчар со децении е чувар на православен храм
Турски овчар со децении е чувар на православен храм

Турски овчар со децении е чувар на православен храм

427
0

60 – годишен турски овчар со децении е чувар на грчки православен храм во северна Турција, заштитувајќи ја историската структура од потенцијалните ловци и ограбувачи.

ovcar-1Изграден во почетокот на XIX век во турската провинција Гиресун, некогашен Керасунт, и дом на понтиските Грци, храмот бил напуштен кога православното грчко население од регионот беше соочено со геноцидот и миграцијата во почетокот на XX век.

Овчарот Аднан Зивали, кој живее во регионот, заедно со неговиот постар татко, се грижат за храмот уште од 1940 година.

Според шефот на провинцискиот и културен директориум, областа околу црквата некогаш била густо населена и богата со училишта, развиен пазар и многу други цркви.

Иконографијата на храмот остана зачувана и заштитена благодарение на Зивали и неговото семејство, кои всушност, се негови неофицијални заштитници.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *