Турски државјанин поднел тужба против Митрополитот на Имврос и Тенедос Кирил, обвинувајќи го за прекршување на Законот поради носење на свештеничка облека на јавни места.
Во тужбата се наведува дека Митрополитот Кирил „шета по улиците и учествува во секојдневниот живот, носејќи религиозна облека“, односно дека присуствувал на отворање на продавници и пекарници. Тужбата е дополнета и со фотографски материјали кои го прикажуваат со расо и камилавка.
Како што известува порталот ethnos.gr, едно од најважните точки во тужбата е повикувањето на одредбата за „реципрочност“, во поглед на муслиманското малцинство во Тракија. Тужителите тврдат дека, ако муслиманските верски лидери не можат да носат традиционални сараци „во Западна Тракија“, тогаш не треба ниту на православните ерарси во Турција да им биде дозволено да се појавуваат јавно во своите свештенички облеки.
Во правна смисла, турското законодавство, поради строгиот секуларен карактер на државата, предвидува дека единствено Вселенскиот Патријарх, муслиманскиот лидер, како и лидерите на сите религии, можат јавно да се движат со свештеничка облека.
На свештениците кои имаат понизок чин забрането им е да носат свештеничка облека, што значи дека тужбата се темели на строгото толкување на Законот.
Сепак, конкретната одлука на државјанинот да поднесе тужба, отвора многу прашања за неговите вистински мотиви, бидејќи слични вакви случаи ретко се наоѓаат пред суд, особено кога Законот е заобиколен од страна на муслиманските религиозни водачи.
Ова дејство многу повеќе наликува на личен таргет кон Митрополитот, отколку на прашање за примена на Законот во секојдневната пракса.
Важно е да се истакне дека повикувањето на „реципрочноста“ нема правна основа во поглед на јавното појавување на религиските службеници од муслиманското малцинство во Тракија, бидејќи ограничувањата за облеката на христијанските ерарси во Турција произлегуваат од турското законодавство, додека во Грција не постои слично правно ограничување за муслиманските верски лица.
По основањето на Република Турција во 1923 година, претседателот Мустафа Кемал Ататурк спровел серија секуларни реформи со цел модернизација и одвојување на државата од религиозните институции. Една од клучните мерки била донесувањето на Законот за облека во 1934 година, кој забрана носење на верска облека во јавноста, освен во местата на богослужба. Овој закон се однесува на сите верски лица, вклучувајќи ги и православните свештеници, имами, рабини и други.
Меѓутоа, иако законот формално не бил насочен против одредена религија, неговата примена имала значително влијание врз немуслиманските заедници, особено врз православната христијанска заедница. Православните свештеници, кои традиционално носат расо и долги бради како дел од нивната верска облека, биле принудени да ја прилагодат својата појава во јавноста, односно да носат световна облека и да немаат долги бради. Ова довело до чувство на маргинализација и ограничување на верската слобода меѓу православните христијани во Турција.
Со текот на времето, иако законот остана на сила, неговата примена стана помалку строга. Сепак, во јавниот живот, православните свештеници се принудени да носат световна облека за да избегнат потенцијални проблеми.
Важно е да се напомене дека, иако законот не беше експлицитно насочен против православната црква, неговата имплементација непропорционално ги засегна немуслиманските заедници, создавајќи предизвици за одржување на нивниот верски идентитет во навидум секуларната држава.

