Почетна Вести Турска пратеничка стана православна христијанка
Турска пратеничка стана православна христијанка

Турска пратеничка стана православна христијанка

2.61K
0

Пратеничката од најголемата турска опозициона Републиканско-народна партија, Селин Саје Боке премина во Православие. Во интервју за турските медиуми, пратеничката, која потекнува од градот Смирна (Измир), на прашањето „дали е христијанка“ одговорила дека навистина примила Православие.

Селин е родум од областа Хатај која што се наоѓа на југ од Турција. Тој регион традиционално бил населен со православни христијански арапи, кои за време на притисокот и репресиите од страна на турската власт биле принудени да ја кријат својата религиозна принадлежност.

Пратеничката од Републиканско-народната партија примила свето Крштение во Александрете (Искендерун) во храм при Антиохиската Православна Црква.

И покрај многубројните критики и негативната реакција од сопствената партија, Селин не само што прими Православие, туку и не се исплаши јавно да ја исповеда својата вера.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *