Почетна Вести Свет Турција: Запленета библија за која се тврди дека е стара 1.200 години
Турција: Запленета библија за која се тврди дека е стара 1.200 години

Турција: Запленета библија за која се тврди дека е стара 1.200 години

576
0

Во турската област Дијарбакир запленета е библија изработена од кожа, на која се испишани фигури со златна боја, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението што го објави Гувернерството на Дијарбакир се наведува дека екипите на Одделението за борба против криумчарење и организиран криминал при Командата на обласната жандармерија добиле информација за трговија со антиквитети. Според информацијата, во местото Кајапинар, тројца осомничени барале купувач за книга стара 1.200 години, изработена од кожа, на која со златни букви се испишани верски мотиви.

Со одлука на Републичкото обвинителство, на 4 февруари спроведена е операција и осомничените се фатени на дело во обид да ја продадат книгата, на чии страници изработени од кожа испишани се верски мотиви со златни букви.

При пребарувањето на осомничените и на нивните работни места, запленета е библија од 34 страници, изработена од кожа, на која со златни букви се изработени фигури.

Жандармеријата приведе 6 лица поврзани со случајот.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *