Почетна Вести Свет Турција: Во музеј изложен Куран стар осум века
Турција: Во музеј изложен Куран стар осум века

Турција: Во музеј изложен Куран стар осум века

55
0

Рачно напишан Куран, стар осум века, изложен во музејот во турскиот град Токат, привлекува големо внимание од домашните и странските туристи, јавува Anadolu Agency (AA).

Директорот на Канцеларијата за култура и туризам, Адем Чакир, за АА изјави дека во музејот се изложени работи и предмети што припаѓаат на различни цивилизации.

Меѓу вредните работи се и рачно напишаниот Куран, купен во 2010 година.

„Беше реставриран во Коња, а таа активност траеше една година“, рече Чакир. Од 2011 година, Куранот, светата книга на муслиманите, е изложена во музејот во Токат.

„Овој Куран е најстариот рачно напишан документ пронајден во музеите во Анадолија“, рече Чакир.

Тој потсети дека Токат и околината се едни од првите места населени од Турци муслимани. Чакир појасни дека на подрачјето Никсар во Токат е основана и првата медреса.

„Куранот е напишан во 1190 година. Тој содржи десет листови, што е карактеристично за Кураните што датираат од тој период“, објасни Чакир.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *