Почетна Репортажа Турција: Се реставрираат цркви уништени од терористите на ПКК

Турција: Се реставрираат цркви уништени од терористите на ПКК

122
0

Генералниот директорат за фондации врши реставрација на 11 историски објекти, од кои 2 цркви во подрачјето на Сур од областа Дијарбакир, кои се уништени од страна на терористите на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA)

Терористите на ПКК копаа дупки, поставуваа барикади и рачно изработени бомби на улиците на Сур, и го претворија градот во музеј на отворено поради причинетата штета врз голем број историски објекти. Затоа Генералниот директорат за фондации напорно работи на реставрацијата на оштетените објекти кои треба да бидат историско наследство и за новите генерации.

Директоратот ќе изврши реставрација на 9 џамии и 2 цркви. Од црквите ќе бидат реставрирани ерменската католичка црква и протестантската црква.

Една од деветте џамии што ќе се реставрираат е џамијата „Фатих паша“, која е позната и како „Куршунлу џамија“, изградена од страна на Бијикли Мехмед паша во периодот од 1516 до 1521 година. Оваа џамија е прв османслиски споменик во Дијарбакир.

Ерменската католичка црква го привлекува вниманието со своето историско богатство. Таа има посериозни оштетувања, бидејќи терористите минатата година, користејќи рачно изработени бомби, во потполност ги уништиле камбанаријата, предните ѕидови на црквата и куќата на попот.

Внатрешноста на ерменската католичка црква е украсена со плочки и со гипсени орнаменти кои ја отсликуваат уметноста на 19. век. Се очекува реставрацијата на црквата да заврши во 2018 година.

Истовремено се реставрира и ерменската протестанска црква, која исто така има претрено големи оштетувања.

– Црквите и претходно беа реставрирани

Регионалниот директор на фондациите, Метин Евсен, во разговорот за АА изјави дека 11-те историски објекти кои се во сопственост на фондацијата имаат претрпено сериозни оштетувања поради терористичките настани. Меѓу овие 11 историски објекти се наоѓаат и 2 цркви.

Директорот Евсен изјави дека ерменската католичка и ерменската протестантска црква, како и историските дела што се наоѓаат меѓу нив, поради терористичките активности имаат претрпено големи оштетувања. Евсен додаде дека двете цркви се реставрирани во 2011 година, но поради големите оштетувања што ги претрпеле во терористичките напади, црквите повторно ќе бидат реставрирани.

Евсан вели дека терористичките настани предизвикале голема штета за градот, и забележа дека најмногу штета била предизвикана над историските и културните богатства. Затоа Генералниот директорат за фондации вложува големи напори за реставрирање на сите историски објекти што се во негова надлежност.

Директорот Евсен изјави дека во тек е интензивна поправка на објектите. Некои објекти ќе бидат раставрирани до 2018, додека реставрацијата на дел од нив ќе заврши во 2019 година.

– За реставрацијата ќе се потрошат 6 милиони евра

Во својата изјава, директорот Евсен рече дека за реставрација на историските објекти се планира да бидат потрошени околу 6 милиони евра. Тој истакна дека вкупната сума што Генералниот директорат за фондации ќе ја издвои за реставрацијата на сите историски објекти во Сур, изнесува околу 12 милиони евра.

/А.А.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *