Почетна Вести Свет Турција го предупреди Западот поради игнорирањето на исламофобијата
Турција го предупреди Западот поради игнорирањето на исламофобијата

Турција го предупреди Западот поради игнорирањето на исламофобијата

240
0

Турција во среда го предупреди Западот поради игнорирање на исламофобијата, напоменувајќи дека тоа би можело да поттикне понатамошни смртоносни напади, јавува Anadolu Agency (AA).

„Игнорирањето на исламофобијата може да постави темели за слични терористички напади, каков што е оној во џамиите во Нов Зеланд”, порачано е на состанокот на Советот за национална безбедност на Турција одржан во Анкара.

Се наведува дека токму овие напади покажале непријателство кон Турција, повикувајќи се на антитурски пораки во манифестот кој го објави терористот од Нов Зеланд.

Советот за национална безбедност на Турција остро ги осуди терористичките напади во двете џамии во Нов Зеланд и убивањето невини луѓе поради нивните верувања.

Во соопштението на Советот се додава и дека Турција ќе ја продолжи борбата против сите терористички групи и дека никогаш нема да дозволи формирање терористички коридор долж нејзините јужни граници.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *