Почетна Вести Турција: Археолозите пронајдоа рушевини од древен христијански храм
Турција: Археолозите пронајдоа рушевини од древен христијански храм

Турција: Археолозите пронајдоа рушевини од древен христијански храм

62
0

Мермерен кат од древен христијански храм беше пронајден од страна на научници за време на археолошките ископувања на античкиот град Ставроникеја, кој се наоѓа во западна Турција, и е познат како „Градот на гладијаторите“.

turcija arheologijaКако што изјави за новинарите професорот Билал Согјут, под чиешто раководство се извршуваат иследувањата, наодите, откриени за време на ископувањата на територијата во 3 илјади старата Ставроникеја, му припаѓаат на различни периоди од историјата на Турција – елинистичкиот, византискиот, османскиот и други периоди. Во прилог на пронајдениот христијански храм беа пронајдени остатоци од објекти, како римски бањи, храмови, џамии на Турците – Селџуци итн.

Според зборовите на професорот, најголемите активности се извршуваат на градското подрачје кое се нарекува „Западна улица“: „На ова место порано имало црква, каде што се наоѓале неодамна од нас пронајдените гробишта. Во овој момент работиме на ископувањата на територијата на црквата и на местото на погребенијата, а неодамна го пронајдовме и долниот кат на црквата“. Археолог за новинарите изјави дека мермерните плочи, кои се наоѓаат во древниот храм се уникатни, поради тоа што на нив се комбинирани различни геометриски фигури.

Научниците велат дека пронајдениот храм бил користен до првата половина на VII век, после што територијата околу него била ползувана како гробишта. Археолозите планираат да ги завршат ископувањата на црквата оваа година, после што ќе следат работите за конзервација на рушевините.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *