Црквите подобро се разбираат од историчарите, македонски, бугарски и српски владици заеднички го чествуваа Свети Јоаким Осоговски – Премиерот Мицкоски гостин

Date:

Share post:

Македонската, Бугарската и Српската православна црква заеднички го чествуваа денот на Свети Јоаким Осоговски. Заедничката литургија се одржа во манастирот посветен во негова чест кај Крива Паланка, празник кој воедно е и манастирска слава.

Со литургијата чиноначалствуваше Тетовско-гостиварскиот митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф, а у сослужувале, домаќинот митрополит Кумановско-осоговски Григориј, заеднио со митрополит Видински Пахомиј и Епископот Велбуждски Исак, од Бугарската црква и (БПЦ) и епископот Хвостански Алексиј, од Српската црква, инаку Викар на патријархот Порфириј. Од МПЦ-ОА сослужувале и митрополит Дебарско-кичевски Георгиј и пензионираниот митрополит Јосиф.

Гости на оваа литургија беа и Премиерот Христијан Мицкоски, задно со министерот за Транспорт и врски Александар Николовски, пратениците Емил Спасовски, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски, градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митковски и директорот на Државни патишта Коце Трајановски.

Ова сослужување на овие три цркви во Крива Паланка е исклучително значајно бидејќи означува заедничка прослава на овој голем светиотел на Православната црква, иако сите три цркви имаат различно толкување за неговата припадност. МПЦ-ОА го смета за македонски светител, БПЦ за бугарски, а СПЦ за српски, особено што тамошните историчари тврдат дека неговото потекло е близу Врање.

Се чини дека тоа што не им успева на историчарите од заедничката историска комисија да го постигнат, околу настани и личности за зеадничко чествување, на владиците им оди добро од рака, па така Свети Јоаким Осоговски доби заедничко чествување, како дел од заедничката историја на трите цркви.

2 COMMENTS

  1. Pa podobro e da se združat koga ne možat eden drug da pobeda. I tie ne se načisto za mnogu raboti. Ne znaat na kogo da služat dali na kesar ili na Hristos. Sekoja kuka na kaj sebe vleče.

  2. Dopolnenie: sekoe juče laje pred čija vrata leb dobiva. Ne znači ako nosat bradi pa da se mudri, ako e taka i jarec bi bil najpameten.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...