Во Русија, т.н. „препорачани донации“ за црковни ритуали – како крштевка, венчавање и погребенија, се зголемени за скоро 40% од почетокот на војната во Украина, објавил The Moscow Times.
Според истражувањето, кое ги опфати цените објавени на веб-страниците на 140 храмови и манастири од 70 региони, 65% од нив, или 91 црковна институција, ја зголемиле препорачаната сума за плаќање на ритуалите. Најдраматични поскапувања се забележани кај најбараните обреди:
- Крштевка — во просек 1,5 пати поскапа,
- Венчавање — +107% пред војната,
- Опело — +71%.
Во некои манастири, промената е дури екстремна: Женскиот манастир на иконата Божја Мајка во Калуга ја зголемил цената за одредени ритуали за 345%. Во парохиските храмови, пак, досегашните бесплатни услуги, сега вклучуваат задолжителни „препорачани донации“.
Поради овие зголемувања, многу верници во Русија реагираат со загриженост, не само поради материјалната тежина во период на економска криза, туку и затоа што ритуалите што се стандарден дел од црковниот живот,сега добиваат облик на финансиска обврска.
Од друга страна, официјални црковни лица тврдат дека зголемените трошоци не се лично решение на свештениците, туку резултат од одлуки на епархиите: со растот на одржувањето на храмовите, сметките за комуналии и инфлацијата, се зголемува и потребата од средства.
Ова може да ја отвори дискусијата за улогата на „доброволните пожртвувања“ (препорачани донации) – дали тие треба да останат доброволни и дизајнирани според можностите на верникот, или се претвораат во реална бариера за учество во црковниот живот.
