Почетна Анализа Три децении молк за вистината за Ангелариј!
Три децении молк за вистината за Ангелариј!

Три децении молк за вистината за Ангелариј!

7.20K
1

И 30 години подоцна се уште останува сомнежот во официјалната верзија за смртта на вториот поглавар на возобновената Охридска Архиепископија во ликот на МПЦ, Архиепископот Ангелариј.

Иако никој, никогаш не покрена каква било постапка за оспорување на официјалната истрага, ниту пак Црквата отворено и гласно во јавноста ја постави темата, сепак речиси секоја година на 15 јуни, кога во 1986 година во сообраќајна несреќа загина Архиепископот Ангелариј, оваа дилема се повторува во јавноста и на тој начин опстојува мистеријата што точно се случило тој ден.

2Ангелариј на тронот на охридските архиепископи не помина ниту цели пет години, период во кој според некои негови блиски соработници го поминал во постојани несогласувања со тогашните удбашки структури во државата, што пак за нив е доволен мотив за сомнеж дека сообраќајната несреќа била режирана.

Според официјалниот извештај поглаварот на МПЦ, г.г. Ангелариј загинал во сообраќајна несреќа на 15 јуни 1986 година во Дреновската клисура, на патот Прилеп – Скопје, кога службениот „мерцедес“, во кој се возел архиепископот, под неразјаснети околности се судрил со цистерна со српски регистарски таблички. Во несреќата, освен г.г. Ангелариј, загинал и неговиот возач.

1Околу оваа сообраќајна несреќа има многу разни приказни, кои неформално се прераскажуваат. Нејасно е и дали покрај сударот со цистерната имало и друг удар во возилото на Архиепископот. Дали тој ја преживеал несреќата па починал, или загинал од самиот удар.

Неговата внука, Татјана Попоска во ноември 2014 година, отворено изрази сомнеж во неговата смрт. Таа тврди дека тој ден била во возилото заедно со архиепископот. Попоска вели дека неговата смрт била намерно предизвикана, поради неговото залагање за обединување на Македонија, искажано во еден негов говор, одржан на гробот на Гоце Делчев.

Според нејзе, сомнежот е уште поголем поради фактот дека возачите на двата камиони што учествувале во незгодата биле осудени на затворски казни од една и четири години, при што отслужиле само мал дел од казните.

– По литургијата во село Долнени, тргнавме од Прилеп за Скопје со блиндираниот „мерцедес“. Ќе полагав испит. Kај Дреновската Kлисура одеднаш излезе камион пред нас и за миг го смачка „мерцедесот“. На самото место загина возачот, а по некоја минута и дедо ми ја пушти душата во моите раце. Имаше 75 години. Јас и сопругата и децата на возачот бевме повредени, но свесни. Во тие моменти од трагедијата не чувствував дека сум повредена, туку подоцна сум паднала во бессознание. Среќа што автомобилот беше здрав, инаку сите ќе изгиневме. Траумите и последиците од тој настан ги чувствувам и денес. Од страв не можам да возам автомобил, ниту да седам на предното седиште – се сеќава Попоска

Архиепископ Ангелариј e роден како Цветко Крстески, на 25 март 1911 година во село Долнени во свештеничко семејство. Во 1926 година се запишал на средното богословско училиште „Свети Јован Богослов“ во Битола, каде и завршил во 1931 година.

3Следната 1932 година бил ракоположен во ѓакон во црквата „Свети Димитриј“ во Битола. Истата година, во црквата „Света Богородица“ бил ракоположен за свештеник.

За време на Втората светска војна, архиепископот Ангелариј бил учесник во НОБ. Во 1942 година загинува неговиот брат Пецо Крстески – Даскалот.

4Бил член на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ во 1945 година и член на Здружението на православното свештенство на НРМ. Учествувал во работата на Првиот црковно-народен собор во Скопје во 1945 година и на Свештеничката конференција во 1946 година.

По завршувањето на војната, студирал на Философскиот факултет во Скопје.

8Во 1961 година бил назначен за парохиски свештеник при црквата „Свети великомаченик Георгиј“ во квартот Фицрој во Мелбурн, Австралија. Таму ја основал првата Македонска православна црковна општина каде што била изградена првата македонска призната црква во дијаспората.

Во 1964 година се вратил на парохиската должност во црквата „Св. Благовештение“ Прилеп, каде што подоцна бил поставен и за архиерејски намесник.

9По смрта на сопругата, Ангелариј ја прифатил поканата на Синодот на МПЦ и прво бил замонашен, а потоа и хиротонисан за епископ.

Во 1975 година, Синодот на МПЦ го избра и хиротонисува за епископ Пелагониски. Бил поставен за администратор на болниот Митрополит Преспанско-битолски Климент.

Од 1977 година бил Митрополит Дебарско-кичевски, од каде што на Црковно-народниот собир, одржан на 19 август 1981 година, бил избран за Архиепископ Охридски и Македонски.

5Меѓу другото, ќе остане запаметен и по својата луцидна изјава изречена на гробот од револуционерот Гоце Делчев кога кажа:

“Балканот не е тесен, тесни се срцата наши“, мислејќи тогаш на едноумието во времето на атеистичкиот, комунистички режим.

10Погребан е во црквата „Свети Димитриј“ во Скопје.

М.Н.

Коментар(1)

  1. Se zameril so koj ne e smeel da se zameruva , a pogotovo so onoj cija zadaca izvrsuval i za cija smetka robotel–vo toa vreme mocnite drugari komunisti

Напиши одговор на O.Agapie Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *