Воочи посетата на папата во Турција, Антуан Илгит, првиот турски бискуп од латински обред во земјата, во интервју за АsiaNews зборувал за својата мисија, корените и значењето на историското наследство на Соборот во Никеја.
Бил ракоположен за бискуп на 25 ноември 2023 година во црквата Свети Аннуан во Истанбул, на церемонија која ја проследиле православниот патријарх, ерменскиот патријарх и некои сириски православни митрополити.Се родил во Германија од родители по потекло од од Киликија (Турција). Кога имал шест години, семејството се вратило во Турција. Соочувајќи се со миграција, сиромаштија и семејни тешкотии, тој го пронашол својот духовен пат во Турција. Ја прифатил христијанската вера, а по соодветната подготовка бил ракоположен за свештеник во 2010 година. Студирал етика на здравството и биоетика во Рим и САД. Во 2021 година се вратилво Турција како дел од апостолската викарија на Анатолија.
Во своето интервју, бискупот Антун, посочил дека христијанството во Турција е „семе за светот“ и дека од тоатло потекнува христијанското наследство кое треба да допре до сите народи. „Ние сме наследници на Никеа, наследство со кое од овде го потсетуваме целиот свет. Треба да бидеме автентични сведоци“. Тој истакнал дека одбележувањето на 1.700-годишнината од Соборот во на Никeја добил посебна важност во пресрет на посетата на папата: „Токму овде, на земјата каде што некогаш се одржал Соборот, денес Црквата е мала, но повикана да го носи своето сведоштво“. Тоа нè потсетува нас и на Европа, бидејќи христијанството е често многу евроцентрично: наместо тоа, центарот мора да биде Христос, а неговата порака започна од оваа земја, толку важна за христијанството, некогаш седиште на патријаршијата, а каде што денес Црквата речиси и не постои… Зошто? Треба да се запрашаме: „Што бара од нас Духот што ја води историјата?“
Во агендата на папата предвидени се средби со домородни христијани – бегалци од конфликтните зони во Мала Азија, Ирачани, Сиријци, Иранци, како и со и африкански студенти кои пристигнале во Турција благодарение на стипендии за образование. Можност за средба со поглаварот на Римокатоличката црква ќе имаат и новите катихумени – кои претежно се муслимани што сакаат да го примат христијанството. „Мојата лична историја ми помага да разберам многу ситуации: онаа на новодојденците, бидејќи и јас бев еден од нив, онаа на имигрантите, бидејќи моето семејство доживеа миграција. А потоа тука се и младите луѓе. Се чувствувам особено блиску до нив… За овие млади луѓе, јас сум како пријател, бидејќи на нивна возраст, 15 или 20 години, поминав низ турбулентен период, па ги разбирам нивните проблеми“, истакнал бискупот. За него младите луѓе се иднината, но и сегашноста на Црквата, и затоа треба да им се посочи нивната улога во неа. „Двапати годишно организирам состанок на кој развиваме дискусии со младите луѓе од целиот Викаријат за подготовка на активности што ќе ги истакнат нивните квалитети. Тие сакаат да ја видат Црквата како дом. А потоа сакаат да се слушне нивниот глас во општеството; им треба можност, во спротивно одлучуваат да заминат од земјата“.
За него, да се биде бискуп во Турција значи да се биде дел од заедницата во сè. Познавањето на јазикот и локалниот менталитет, му овозможило да се разбира со луѓето, особено со муслиманите. На прашањето дали некогаш се почувствувал во опасност, одговара: „Не, и во секој случај – ризикот е дел од нашиот избор. Христијанинот мора да го пронајде Бога во сè“.

