Почетна Вести Трамп на средба со папата на 24 мај
Трамп на средба со папата на 24 мај

Трамп на средба со папата на 24 мај

161
0

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со папата Франциск на 24 мај. Ватикан во четвртокот соопшти дека тоа ќе биде потенцијално непријатна средба со оглед на нивните дијаметрално спротивни ставови за имиграцијата, бегалците и климатските промени.

Трамп на враќање од Блискиот Исток ќе застане во Рим, пред да замине за Брисел на самитот на НАТО, а потоа во Сицилија на средба на Групата на седумте богати земји.

Ватикан соопшти дека средбата ќе се одржи в среда во 8:30 часот изутрина во Апостолската палата, еден необичен ден и невообичаено рано време за шефот на државата да го сретне папата.

Франциск во среда наутро секоја недела одржува општи приеми, а високи извори од Ватикан соопштија дека средбата со претседателот морала да се вметне пред тоа.

Минатата сабота, папата во авионот враќајќи се од посетата на Египет, за новинарите изјави дека не знае за никакво барање на Трамп за состанок. Го повтори правилото дека папата се сретнува со кој било шеф на државата, кој бара приватен прием.

Првата посета на Трамп во странство првично ги вклучувала само Брисел и Сицилија, но подоцна се проширила и на Саудиска Арабија, Израел и Ватикан.

Покрај тоа што е лидер на 1,2 милијарда римокатолици во светот, папата е шеф на државата. Ваквите состаноци овозможуваат размена на мислења за светски прашања и шанса за папата да поттикне на етички решенија за светски проблеми.

Минатата година, како одговор на прашањето во врска со ставовите на тогашниот кандидат Трамп за имиграцијата и неговата намера да изгради ѕид на границата со Мексико, Франциск рекол еден човек со вакви ставови не е „христијанин“.

Трамп, кој израснал во презвитерско семејство, возвратил велејќи дека е „срамота“ папата да се сомнева во неговата вера.

Во март, кардиналот Питер Турксон, близок соработник на папата, го повика Трамп да ги слуша „спротивставените мислења“ и да го преиспита својот став за климатските промени, откако Трамп потпиша извршна наредба за расформирање на легислативата за животната средина од времето на Обама.

На Франциск одбраната на животната средина му е клучна точка, тој силно го поддржува научното мислење дека глобалното затоплување пред сè е предизвикано од човечките активности.

Околу 21 отсто од Американците, или 70 милиони луѓе, се католици. Вашингтон има дипломатски односи со Ватикан од 1984 година, кога претседателот Роналд Реган го запознал Ватикан под папата Јован Павле Втори, Полјак, како клучен сојузник против комунизмот.

/МКД.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *