Торинската Плаштаница: Импресивно откритие за нејзината автентичност

Date:

Share post:

Нови научни испитувања ја датираат Светата Плаштаница од Торино во времето на Исус, со што се поставува основата за тезата дека најверојатно таа е автентична. Италијански истражувачи користеа нова техника со Х-зраци за да го датираат материјалот на Плаштаницата и потврдија дека е изработена во времето на Исус пред околу 2.000 години.

Што знаеме досега за Светата плаштаница

Плаштаницата од Торино или Светата Плаштаница е парче ленено платно врз кое е отпечатен ликот на брадест човек, а отпечатокот на платното се смета дека одговара на тело кое било распнато и повредено. Таа веќе долго време е извор на контроверзија меѓу религиозната и научната заедница, бидејќи се тврди дека тоа е погребното платно во кое било поставено телото на Исус Христос по симнувањето од Крстот, додека според некои научни студии таа е само човечка творба.

Плаштаницата е ленено платно со жолтеникава боја, со димензии од 4,3 метри должина и 1,1 метар ширина, кое се чува од 1578 година во катедралата во Торино. Нејзината ткаенина е од ленени влакна, материјали што се користеле во времето на Исус Христос. До неодамна, научниците ја датираа во средновековието.

Нови податоци временски ја лоцираат Плаштаницата во периодот кога живеел Христос

Во 1988 година, една меѓународна група научници анализирала мал дел од Плаштаницата со методот на датирање со јаглерод, што покажало дека платното веројатно било создадено некаде помеѓу 1260 и 1390 година. Спроведоа детално датирање со радиојаглерод во три различни лаборатории и заклучија дека лененото платно било исткаено во средниот век.

По неодамнешната студија на италијански научници, сериозно се зема предвид фактот дека условите за чување на платното можат да ја нарушат точноста на резултатите од испитувањето со радиојаглерод.

Конкретно, италијанските истражувачи, со користење на нова техника со Х-зраци, се обидоа да го датираат материјалот и дојдоа до заклучок дека тој бил изработен токму во периодот кога живеел Исус, пред околу 2.000 години.

За новата студија, научниците од Италијанскиот институт за кристалографија при Националниот истражувачки совет ја користеле техниката на расејување на широк агол на Х-зраци (WAXS). Оваа техника ја пресметува физичката реакција на времето врз целулозата од ленот, проценувајќи го времето на нејзиното производство.

Тимот испитувал шест мали примероци од Плаштаницата од Торино со Х-зраци за да открие ситни детали од структурата на ленот и целулозните обрасци. Целулозата се состои од долга низа молекули на гликоза, кои со текот на времето се распаѓаат, што ја открива староста на материјалот.

За датирањето на Плаштаницата, тимот ги искористил параметрите на староста, вклучувајќи ја температурата и влажноста, кои предизвикуваат силно распаѓање на целулозата.

Исто така, тимот ја споредил Плаштаницата со примероци од други ленени материјали исткаени помеѓу 1260 и 1390 година, без да најде никаква сличност.

Главниот автор на студијата, Либерато Де Каро, во својата изјава објасни дека студијата од 1988 година треба да се смета за грешка, бидејќи „вообичаено, примероците од ткаенини се изложени на секаков вид загадување, кое е невозможно целосно да се отстрани од примерокот за датирање“. „Ако не се изврши темелно чистење на примерокот, радиојаглеродното датирање не е веродостојно“, истакнува тој.

/orthodoxia.info

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...