Почетна Вера МПЦ-ОА Тони Стефановски го извади светиот крст од Преспанско Езеро
Тони Стефановски го извади светиот крст од Преспанско Езеро

Тони Стефановски го извади светиот крст од Преспанско Езеро

261
0

Општина Ресен и Преспанско – пелагониската епархија големиот христијански празник Богојавление – Водици го прославија во Отешево, каде во водите на Преспанско Езеро беше спуштен светиот крст.

Најсреќен меѓу дваесеттемина учесници годинава беше Тони Стефановски од Стење, кому според востановената традиција градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски му подари телевизор.

Пригодни празнични подароци Стефановски доби и од компаниите поддржувачи на традиционалниот настан како и од свештениците на Преспанско – пелагониската епархија, односно намесништвото во Ресен

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *