Тихон и Стефан ќе сослужуваат на 2 септември во Вашингтон

Date:

Share post:

За 2 септември вторник во Вашингтон е закажано првото сослужување на поглаварите на МПЦ-ОА и на Православната црква на Америка, Архиепископот Стефан и Митрополитит Тихон. Веста ја објави утрово Православната црква на Америка. На литургијата се очекува да служат и други архиереи од двете цркви, но не се посочуваат новните имињљ.

-Во вторник, 2 септември 2025 година, Неговото Блаженство Митрополитот Тихон ќе сослужува на Архиерејската Божествена Литургија со Неговото Блаженство Архиепископот Стефан од Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Ова сослужување ќе го означи официјалното признавање на најновата и најмладата автокефална православна црква во светот од страна на Православната црква во Америка, објави ПЦА.

Историската служба ќе почне во 9:00 часот во храмот „Св. Никола“, во Вашингтон. Исто така, ќе бидат присутни и достапни за поклонение за верниците Чудотворната мироточива Иверска икона на Пресвета Богородица од Хаваи и светите мошти на новопрославената праведна Олга од Кветлук.

Ова сослужување доаѓа откако Митрополитот Тихон за првпат јавно ја призна Македонската православна црква за време на 21-от Севамерикански собор, одржан од 14 до 18 јули 2025 година во Феникс, Аризона.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Митрополитот Јован: Епархиите што ги имаме се нефункционални, ќе бараме отворање на ова прашање во Синодот

Тројцата владици на МПЦ-ОА, поранешни членови на ПОА, пред Синодот ќе го отворат прашањето за функционалноста на епархиите...

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...