Теута Арифи во посета на Владиката Јосиф
562
0
Традиционална средба меѓу градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф се одржала на 12.01.2017 година, на која градоначалничката ги честитала новогодишните и Божикните празници.
Ваквите средби се традиција во Тетово за големите православни и муслимански празници, што е доказ за соживотот во овој град.
Градоначалничката на Тетово изразила задоволство што дошло до ваква средба и што можела преку владиката г.Јосиф да ги пренесе своите честитки за празниците на православните верници.