Почетна Анализа Тешки времиња за грчката црква
Тешки времиња за грчката црква

Тешки времиња за грчката црква

615
0

Реакцијата на архиепископот Јероним за новата владина програма за религиозни студии во грчките училишта – која тој ја нарече „неприфатлива и опасна“ – беше очекувана и прилично точна од шефот на грчката црква, иако можеби и задоцнета, реактивна наместо проактивна, а многу можно и неефикасна.

Јазот во врските меѓу црквата и државата се проширува уште од 1988 година, кога пратениците од ПАСОК и двете грчки комунистички партии ратификуваа закон од тогашниот министер за одбразование и религиски прашања, Антонис Трицис, со кој се ограничува црквената административна и економска независност. Законот на Трицис никогаш не беше имплементиран, затоа што со него манастирските имоти требаше да им припаднат на државата, и затоа што укинувањето на секуларното учество во советите на градските цркви беше озваничено само со предлог закон помеѓу премиерот Андреас Папандреу и архиепископот Серафим.

Оттука, судирот црква-наспроти-држава останува отворен. Но, премиерот Алексис Ципрас не е Андреас Папандреу и идеолошката опсесија на неговата партија Сириза се многу поголеми отколку оние на ПАСОК. Дури ниту Нова демократија веќе не е конзервативна партија во традиционална смисла. Но најважно е што во Европа сепак владее антицрквен политичкиот тренд и западните општества се се поагностички. Ако наставната програма за религиозни студии од министерството за образование им беа презентирани на европските власти, тие несомнено ќе беа одобрени.

Се разбира, улогата на црквата е да катализаторска, а не само религиозна, но и затоа што е таа чувар на лингвистичкиот континуитет во Грција. За време на Отоманската окупација, свештениците во земјата најчесто не разбираа ниту збор од Библијата – а уште помалку верниците – но сите одеа на мисите и ги пееја песните, и така остануваа во допир со обичниот грчки јазик. Подоцна кога беше формирана модерната грчка држава, црквата бе иснтрументот кој ги обединуваше грците кои зборуваа различни јазици и негуваа различни традиции.

Ова се проблемите со кои црквата мора примарно да се зафати. По се, таа не е хуманитарна организација, иако тоа не значи дека треба да бараме нова Савонарола која е грчка и православна.

Уште од Втората светска војна, Братството на теолозите Зои беше единственото црковно тело која развио програма за духовни и социјални активности. Сепак, внатрешните судири и алијансата со воената хунта, доведе до негов пад. Од 1988 наваму, само архиепископот Христодулос се осмели да се спротивстави на системот и беше жестоко нападнат од свештеници и од политичари реформисти.

Минатото неможе да се врати, и нцрквата се соочува со многу предизвици кои се многу поголеми од оние кои ги наметна Сириза. Ако не им се спротивстави, ни останува да си останеме сами со нашите парохиски свештеници.

/ КАТИМЕРИНИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *