Почетна Вести Тешка навреда за муслиманите во Германија
Тешка навреда за муслиманите во Германија

Тешка навреда за муслиманите во Германија

246
0

Девет дрвени колци со делови од мртви свињи биле поставени на земјиште на кое е планирана изградба на џамија, соопшти германската полиција.

Колците биле високи метар и пол, а на нив биле свинска глава, свински нозе и црева, јавува Асошиејтед прес.

Инцидентот се случил во градот Ерфурт, а полицијата соопшти дека извршителите се непознати.

За изградбата на џамијата Ахмадија веќе се одржувале протести, а на еден од нив на соседното земјиште бил подигнат голем крст.

Портпаролот на исламската заедница во Ерфурт, Мохамед Сулејман Малик, изјави дека е многу тажно што луѓето се спуштаат на тоа ниво.

/МКД.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *