Почетна Анализа Тероризмот го уништува туризмот во Турција
Тероризмот го уништува туризмот во Турција

Тероризмот го уништува туризмот во Турција

83
0

Последната година, после серијата терористички напади и неуспешниот воен удар во земјата има речиси четири пати помалку странски гости, на терен истражува и пренесува „Сител Тв“.

Податоците од Турскиот завод за статистика покажуваат дека во 2016 година приходите од туризам се намалени за 30 отсто. Штета трпат сите атрактивни дестинации.

Според компанијата за истражување во овој сектор ForwardKeys (Форвардкијс) бројот на патници на турските аеродроми минатат година е намален за 21 отсто.

Ниту Истанбул не е полн со луѓе како порано,  вели косовскиот новинар Арбен Рашит кој долги години живеел и работел во Турција.

истанбул 2-Јас долго време доаѓам и тоа по неколку пати годишно во Истанбул. Нема веќе туристи како било претходно. Сега сме на Таксим каде имаше и по 1 милион луѓе за 24 часа. Сега нема многу гужва, гледаме и по продавниците кои и почнаа да ги затвараат, значи нема туристи. И не е исто како што беше Истанбул претходно, изјави за Сител Арбен Рашит, новинар  кој живеел и работел воТурција.

Се проценува дека Истанбул има помеѓу 17 до 20 милиони жители, а дневно градот кој се простира на два континенти го посетувале и до 2 милиони туристи, но денеска сликата не е иста.

Странците  се плашат од терористички напади.

-Тие имаат проблеми со Курдите и ИСИС и знаете што се случува. Секој месец имаме терористички напади. Имаше и овде на Таксим. Туристите се плашат и не доаѓаат сега, додаде Рашит.

истанбул 1Само до пред 2 години Турција беше шестта најпопуларна туристичка дестинација во светот веднаш зад Италија.

По се почестите терористички напади и обидот за Пуч од пред шест месеци во Турција, драстично е намалена и фрекфенцијата на луѓе на познатиот Таксим, овде има зголемено полициско обезбедување секој ден.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *