Почетна Вести Терористите планирале напад на соборниот храм во Барселона
Терористите планирале напад на соборниот храм во Барселона

Терористите планирале напад на соборниот храм во Барселона

51
0

Терористичката ќелија којашто ги изведен нападите од четвртокот во Барселона и Камбрилс, првично планирала да изврши повеќе големи напади, а главната цел требало да биде соборниот храм Саграда Фамилиа (Светото семејство) во Барселона, пишува во неделата интернет изданието El Confidencial повикувајќи се на извори во истрагата.

Поради споменатата цел, терористичката ќелија за којашто шпанските власти сметаат дека броела 12 лица, ги подготвувале експлозивните направи во Алканар кои требало да бидат транспортирани со три изнајмени фургона, составени од многу боци за гас и експлозивни средства познати како „мајка на Сатаната“.

Станува збор за трипероксид ацетон, многи опасна иницијална експлозивна супстанција. Оваа супстанција речиси никогаш не се употребува во воени цел, во прв ред поради нејзината нестабилнсот, чувствителноста на удари, топлина и други надворешни влијанија, поради што процесот на правење експлозивни направа врз основа на оваа материја е многу опасен. Поради ваквите карактереистики, супстанцијата трипероксид ацетон, како што понекогаш се наведува во медиумите, терористите ја нарекуваат „мајка на сатаната“.

Полицијата на Каталонија откри 106 цилиндри со бутан гас во домот кој експлодираше ноќта средата кон четвртокот во Алканар. Експлозијата се случила при изработка на експлозивните направи за планираните напади, и поради тоа терористите кои изнајмиле, преминале на алтернативен план. Во експлозијата загинале две лица, а едно е повредено. По терористичките напади следниот ден во Барселона и Камбрилс, ранетиот е притворен.

Според официјалните соопштенија, вкупно оваа исламистичка ќелија се состоела од 12 лица, од кои повеќето со мароканско потекло. Организатор на нападите според медиумите бил имамот на гратчето Рипол, Абделбабаки ел-Сати, чијшто стан полицијата го пребарувала во утринските часови. Претходно ниеден од идентификуваните припадници на групата не бил евидентиран во полицијата за престапи или за поврзаност со тероризам. Како што пишува El Confidencial, членовите на ќелијата често патувале во Мароко, а некои од нив престојувале и во соседна Франција.

Според неименуваните извори од истрагата на El Confidencial, соборниот храм Светото семејство била единствената цел на нападот кој првично го планирале терористите.

Друг интернет портал El Español, пак, изложува во неделата поинаква верзија. Покрај храмот, терористите имале уште две цели: пешачката улица Ла Рамбла, каде што беше изведен и нападот со комбето но со помал обем, а третата цел не се именува прецизно, туку се наведува дека се наоѓала во пристанишната област на Барселона.

Во четвртокот попладнето комбе влета меѓу пешаците на улицата Ла Рамбла во центарот на Барселона. Неколку часа подоцна околу 1 часот по полноќ автомобил се залета во група луѓе во Камбрилс, гратче на околу 120 километри од Барселона. Четворица од напаѓачите со автомобилот беа застрелани од полицијата веднаш, а петтиот кој бегал во спротивен правец беше ликвидиран откако со нож прободе жена којашто подоцна почина. Според официјалните податоци, во двата терористички напади во Каталонија во четвртокот убиени се вкупно 14 луѓе а 130 се ранети, од кои повеќе од 50 луѓе сѐ уште се во болниците. Покрај нив, мртво тело на 34-годишен Шпанец без криминално досие е најдено во автомобил „форд фокус“ кој не застанал на полициски пункт и се претпоставува дека е жртва на напаѓачот од Ла Рамбла кој исчезнал во метежот по нападот со комбето.

/НЕТПРЕС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *