Почетна Вести Терорист се разнесе пред џамија во Мека, однесе четири жртви

Терорист се разнесе пред џамија во Мека, однесе четири жртви

190
0

Четири лица загинале во самоубиствен бомбашки напад во близина на полициски пункт кај Џамијата во Медина, јавуваат светските медиуми.

eksplozija mekaМеѓу загинатите се двајца полицајци, а десетици луѓе се повредени.

Видеото, кое беше објавено на ал-Арабија, покажа како оган гори надвор од објектот, на кое може да се види и едно тело.

Џамијата е второ свето место во Исламот, каде што бил погребан пророкот Мухамед. Посетена е од милиони муслимани од цел свет, за време на аџилакот во Мека.

Уште две други експлозии беа забележани во Саудиска Арабија, во текот на Рамазан.

Неколку часа претходно, Саудиското министерство за внатрешни работи рече дека бомбаш самоубиец се разнел близу Американскиот конзулат во западниот дел на Џеда.

Американската амбасада соопшти дека нема повредени меѓу вработените.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *