Почетна Вера Терави намаз низ градовите во регионот
Терави намаз низ градовите во регионот

Терави намаз низ градовите во регионот

36
0

Верниците од исламската вероисповед вчера вчер се собраа во џамиите низ градовите во регионот, каде го ивршија првиот верски обред со кој се означува месецот на постот Рамазан, клањањето „терави намаз”, јавува Anadolu Agency (AA)

Муслиманските верници оваа молитва ја извршија во повеќе градови на Балканот, меѓу кои и во Скопје, Тирана и Приштина.

Верниците во Скопје за клањање на терави намаз како другите џамии низ Скопје ја исполнија и Мустафа пашината џамија.

Пред молитвата верниците имаа можност да слушаат препораки за светиот месец Рамазан од имамот, а оние кои не можеа да најдат место внатре во џамијата, молитвата ја извршија надвор, во дворот на џамијата.

Исто така и муслиманските верници во Тирана ја извршија првата молитва со која се означува почетокот на месецот Рамазан. Голем број на верници беа присутни во џамијата Етем Бег и џамијата Нов Пазар во Тирана.

Во Приштина светиот месец за верниците муслимани, Рамазан, беше пречекан со голема радост и со извршување на верскиот обред „терави намаз”.

Џамијата Фатих Султан Мехмет во главниот град на Косово беше преполна со верници кои присуствуваа на првата рамазанска молитва.

Инаку, зборот „теравија” значи одмор или пауза, а овој верски обред се извршува секоја вечер за време на месецот на постот. Откако вчера вечер се изврши првата теравија, која го означува и првиот сехур (оброк пред почетокот на целодневниот пост), верницитете од исламска вероисповед од денеска почнаа со постење на месец Рамазан, кој во согласност со исламскиот календар ќе трае 29 дена.

Последниот ден од месец Рамазан е 24 јуни, а првиот ден на Рамазан Бајрам ќе се одбележи на 25 јуни.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *