Почетна Анализа Теолошки коментар – зошто Вселенската патријаршија е вистинската адреса за автокефалноста на МПЦ
Теолошки коментар – зошто Вселенската патријаршија е вистинската адреса за автокефалноста на МПЦ

Теолошки коментар – зошто Вселенската патријаршија е вистинската адреса за автокефалноста на МПЦ

211
2

Интернет порталот за црковни анализи, „доксологијаинфоњуз„ објави свој коментар за писмото што Преседателот Стево Пендаровски го испрати до Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во кое побара тој да го искористи своето апелациско право за решавање на црковниот спор во Македонија.

Во продолжение целосниот коментар на „доксологијаинфоњуз„.

  1. Согласно 4. и 17. канон од IV Вселенски собор, Вселенскиот Патријарх го има правото да прима апелационо прибегнување од клириците од сета екумена и да доделува автокефалија.

Вселенската Патријаршија е Мајка Црква на Црквата во Северна Македонија.

  1. Вселенскиот Патријарх го имал и секогаш го има исклучителното канонско право да го прифаќа или отфрла доставеното барање за Еклитон од архиереите од кој било патријаршиски трон. Еклитон е право што им се дава на Митрополитите во црквите да прибегнуваат кон Фанар, како еден вид Ареопаг на црковното правосудство, бидејќи Православната црква е Една, Света, Соборна и Апостолска, и нејзиниот центар е Фанар. Православните цркви не се 15, 16, според еретичката терминологија на Московската црква. Црквата е ЕДНА.
  2. Вселенскиот Патријарх, како Претстојател на Првиот Трон на Православната Црква така и на Мајката Црква, го имал и секогаш го има исклучителното канонско право да го прифаќа или отфрла доставеното барање за Еклитон од архиереите не само од својата канонската јурисдикција, но и од канонската јурисдикција на другите патријаршиски тронови и автокефални Православни Цркви, како што тоа е одредено од едногласното канонско предание и од долгогодишната црковна пракса.

Како што пишува г. Фидас: „Вселенскиот Патријарх го имал и секогаш го има целосното канонското право не само полезно да се грижи за поддршка на Православните Цркви кои се во проблеми и искушенија, туку и обврзувачката канонска должност навреме да ги презема сите неопходни иницијативи за спречување, отстранување и лекување од опасните закани и искушенија во нивното црковно тело.

Бездруго, целата историја на Вселенската Патријаршија, како во благопријатни така и во тешки времиња, претставува навистина едно прекрасно сведоштво за секогаш непристрасната и жртвена предаденост кон сите Православни Цркви кои се во тешкотии.

Следствено, Вселенскиот Патријарх секогаш го имал и го има многу повеќе денес канонското право, или поточно мајчинската должност да ги презема неопходните иницијативи, со или без претходен консензус на сите други автокефални Православни Цркви.

Вселенскиот Патријарх го имал и секогаш го има канонското право да ги прифати во црковната заедница сите шизматични архиереи, не само од неговата црковна надлежност, туку и од надлежноста на другите Патријаршиски тронови, доколку водачот на тие шизматични архиереи се врати канонски во црковната заедница“.

Коментар(2)

  1. Vselenskata patrijarsija e vistinskata adresa za MPC samo vokolku MPC podlegne pod nejzina jurisdikcija kako sto gi stavase site zadgranicni crkvi koi se odcepile od svoite matici xa vreme na komunizmot i bea proglaseni za leglo na antikunistickta propaganda., pa taka vselenskiot patrijarh proglasil pravoslavna crlva vo Amerika, ali ne im dava avtokefalnost na otcepenite crkvi, tuku im nametnuva svoj patronat. Toa e obid za pravoslaven cezaropapizam, kako sto go ima rimskiot papa, ama na pravoslavniot papa toa ne mu uspeva, oti komunizmot propadna, pa pravoslavnite crkvi si se vracaat kon maticnite crkvi.

  2. Kakov li stav ce zazeme vselenskiot patrijarh za 147 hramovi koi do 1945 godina se vodele kako sopstvenost naSPC i kako srpsko kulturno i duhovno nasledstvo. Dali taa kulturna i duhovna bastina toj ce ja tretira kako srpska ili pak kako bugarska?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *