Почетна Вести ТЕЛЕГРАФ: Владиката Петар тврди дека Игуменот Гаврил му праќал пари на Митрополитот Наум
ТЕЛЕГРАФ: Владиката Петар тврди дека Игуменот Гаврил му праќал пари на Митрополитот Наум

ТЕЛЕГРАФ: Владиката Петар тврди дека Игуменот Гаврил му праќал пари на Митрополитот Наум

2.45K
15

Сите што се криминалци треба да одговараат и очајни се обидите на оние што сакаат да ги заштитат. Ова во разговор за Телеграф.мк го вели владиката Петар, кој овие денови е во центарот на вниманието во македонската и во австралиската јавност околу расчинувањето на игуменот Гаврил, со кого подолго време не се во најдобри односи.

tel 2Петар потврдува дека Гаврил веќе е расчинет и дека тоа било неизбежно поради непочитување на каноните на Црквата, посочувајќи дека финансиите и криминалното работење на игуменот Гаврил и на луѓето околу него се причината за расчинувањето.

-Поранешниот игумен Гаврил не се појави на расправата. Тој е осуден за криминал и за злоупотреба на парични средства. Имаме материјални докази за проневерени 217.000 долари, но сигурно станува збор за поголема сума. Дел од парите се праќани во струмичката епархија – тврди Петар за Телеграф.мк.

Митрополитот на Австралиско-новозеландската епархија потенцира дека постапката за расчинување на Игуменот Гаврил е покрената додека бил под негова јуриздикција.

Против него беше поднесен обвинителен акт, а за тоа го известивме и Синодот. Дури и предложивме кој било епархиски суд да му суди, но немаше одговор. Закажавме судска расправа и Гаврил беше расчинет, па сега неговото световно име е Јане – објаснува Петар за Телеграф.мк.

Иако Синодот на МПЦ донесе одлука за основање на нова епархија со која раководи Владиката Тимотеј, Петар за Телеграф изјавил дека за него во Австралија има само една епархија, неговата и само еден Владика, а тоа е тој.

/ТЕЛЕГРАФ.МК

Коментар(15)

  1. Znaci vladikata Petar ne go priznava Svetiot Arhierejski Sinod no MPC. A toj predlozi vtora eparhija I glasashe za nea. Znaci li toa deka toj raboti na sozdavanje paralelna crkva? Problemot vo Avstralija e vladikata Petar.

    1. Павлина, да си се распрашате како гласат седмиот и десеттиот член од Уставот на МПЦ-ОА. Пишувате, а не сте информирани, само сеете дезинфромации.

        1. Преспанец, ајде Вие, Ве молам, кажете ни како гласат тие членови, па да го разгледаме случајот 🙂

          1. Повели. Се изнамачив дури ги прекуцав. 🙂

            Член 7
            Македонската Православна Црква е организирана како Архиепископија.
            Во своето канонско и административно организирање Македонската Православна
            Црква ги опфаќа следниве епархии:
            1. Скопската Православна Епархија, со седиште во главниот град на Република Македонија – Скопје;
            2. Преспанско-пелагониска Православна Епархија, со седиште во Битола;
            3. Брегалничка Православна Епархија, со седиште во Штип;
            4. Дебарско-кичевска Православна Епархија, со седиште во Охрид;
            5. Полошко-кумановска Православна Епархија, со седиште во Скопје;
            6. Повардарска Православна Епархија, со седиште во Велес;
            7. Струмичка Православна Епархија, со седиште во Струмица;
            8. Американско-канадска Македонска Православна Епархија, со седиште во Торонто;
            9. Македонска Православна Епархија за Австралија, со седиште во Мелбурн;
            10. Македонска Православна Епархија за Европа, со седиште во Малме, Шведска;
            Седиштата на епархиите, со посебна одлука, може да ги определи и Светиот Синод.

            Член 10
            Македонската Православна Црква е епископална; административно е организирана на епархии.
            Епархијата претставува територијална единица на Македонската Православна Црква, составена од определен број парохии, организирани во архиерејски намесништва, како и од манастирите што се наоѓаат на таа територија.
            Границите на епархиите ги утврдува Архиепископскиот Црковно-народен Собор, на предлог на Светиот Синод и Архиепископски Управен Одбор.
            На чело на секоја Епархија е епархиски архиереј, како нејзин поглавар. Епархискиот архиереј има достоинство на Митрополит, и се ословува со „Ваше Високопреосвештенство”.

            Член 11
            Митрополитот, како епархиски архиереј, има титула на Епархијата со која управува.
            Викарните епископи имаат титула на некоја древна епархија.
            Промената на титулата на епархискиот архиереј, односно на Епархијата, нејзиното основање, арондација и укинување, е во надлежност на Архиепископскиот Црковнонароден Собор, на предлог на Светиот Синод и Архиепископскиот Управен Одбор.

        2. Ви благодарам 🙂 Јас ги имам на англиски, па не сакав да ги преведувам. Најубаво е да се напишат во изворен јазик.

          За почеток, имам две прашања во врска со членовите 7, 10 и 11 што се потрудивте да ги прекуцате.

          1. Член 7, точка 9 гласи: „Македонска Православна Епархија за Австралија, со седиште во Мелбурн“. Кажете ми каде е тука Нов-Зеланд? Затоа што титулата на митрополитот Петар му гласи АДМИНИСТРАТОР Австралиско-НОВОЗЕЛАНДСКИ.

          2. За жал, во овие членови не пишува какви се правата и ингеренциите на епископ што не е поставен како митрополит или викарен, туку што е само АДМИНИСТРАТОР, и колку време тој може да се задржи на таа позиција. Тогаш, ќе ни ја објасните ли причината зошто истите ги посочивте?

          Јас, колку што можам да видам, станува збор за неажуриран Устав на МПЦ.

          1. Јас го имам Уставот од 2010 година. Согласно измените од 2009 година. На црковно-народниот собор во 2012 година мислам дека немаше промени во Уставот. Друг никој не може да го менува.
            Во Уставот архијереј-администратор се спомнува само кај надлежностите на Светиот Синод (дека тој го поставува во упразнета епархија). Во продолжение правата и обврските на епархиските архијереји – митрополити. Дедо Петар, колку што знам во Австралиската епархија ги има сите права и обврски како и надлежен архијереј – митрополит, само поради тоа што не може да биде митрополит на две епархии, тој е администратор на едната. Викарите се посебна институција, кои за жал не се опфатени во Уставот на МПЦ, кои имаат само чест на епископи, но не и власт, освен ако надлежниот архијереј – митрополит или администратор не им даде. На врмето кога Зоран Вранишкоски беше викарен епископ Дремвитски, а Петар администратор Преспанско-пелагониски, со епархијата управуваше дедо Петар, а Јован само помагаше, т.е. служеше и ја унакази црквата свети Димитрија.

            1. Епархиски архиереј – Митрополит
            Член 71
            Епархискиот архиереј, како духовен поглавар, стои на чело на Епархијата, (територијална единица составена од определен број парохии, организирани во архиерејски намесништва, како и од манастирите кои се наоѓаат на таа територија).
            Епархискиот архиереј ја претставува Епархијата и раководи со целиот црковен и духовен живот и поредок на Епархијата.
            Епархискиот архиереј, својата црковно-ерархиска власт ја врши самостојно, во соработка со свештенството и свештеномонаштвото, за сите догматски, вероучебни и литургиски прашања, а црковно-управните работи во однос на материјално-финансиското работење, заедно со свештенството и свештеномонаштвото и православниот народ на својата Епархија, застапени во епархиските тела и органи.
            Член 72
            Епархискиот архиереј, по пат на тајно гласање, го избира Светиот Синод во пленарен состав, од својата кандидатска листа. Светиот Синод врши избор на архиереј, кога на седницата се присутни 2/3 од епархиските архиереи.
            Изборот на епархиски архиереј се врши според Правилникот, донесен од Светиот Синод.
            Член 73
            За епархиски или викарен архиереј, може да биде избрано лице, кое ги исполнува канонските услови, предвидени за архиерејски чин во Светата Православна Црква. Освен тоа, кандидатот треба да ги исполнува и следниве услови:
            а) да има завршено високо богословско образование;
            б) да се одликува со морален живот и да се здобил со добар глас во својата средина;
            в) да не е помлад од 30 години, а ни постар од 60 години до денот на изборот, и
            г) да е државјанин на Република Македонија;
            архиереите на македонските православни епархи во дијаспората, можат да имаат двојно државјанство.
            Член 74
            Светиот Синод, од реководење со епархијата може да разреши (отстрани) епархиски архиереј по канонска осуда и пресуда.
            Епархискиот архиереј престанува да раководи со Епархијата и по докажана физичка и психичка немоќ, или кога ќе се утврди дека му престанал некој од условите од член 73, како и врз основа на основана молба за пензија.
            Кога епархискиот архиереј, без посебна одлука на Светиот Синод, отсуствува повеќе од 1 година од Епархијата, Светиот Синод поставува архиереј администратор, или редовен епархиски архиереј.
            Епархискиот архиереј живее во седиштето на Епархијата.
            Член 75
            Архиепископот, митрополитот – епархискиот архиереј и викарниот епископ, на кој му престанала функцијата на активен архиереј, има право да живее во еден од манастирите од неговата, односно од епархијата во која бил архиереј.
            За пензиониран епархиски или викарен архиереј, во чија Епархија нема манастир, или не постои можност да се обезбедат пристојни услови за живеење, Светиот Синод ќе определи друг манастир во Македонската Православна Црква.
            Член 76
            Епархискиот архиереј ги има сите права и должности предвидени со светите канони, со овој Устав и со црковните прописи.
            Член 77
            Правата и должностите на епархискиот
            архиереј се:
            1. го учи и просветува свештенството, монаштвото и народот во Епархијата со зборови, дела и со пастирски посланија;
            2. ги упатува и им одобрува на свештенството, монаштвото и народот под негов надзор да основаат и организираат добротворни, духовно-просветни, каритативни и, воопшто, корисни установи за напредокот на верата и моралот;
            3. дава благослов за градба на цркви, манастири, капели и гробишта, каде што е потребно, и се грижи за нивно одржување;
            4. се грижи за црковните старини и за таа цел соработува со компетентни стручни општествени установи;
            5. осветува храмови, антимиси и др.;
            6. ракополага достојни лица, со оформена богословска подготовка, во ипоѓаконски, ѓаконски, свештенички и свештеномонашки чин, ги упатува во должноста и им дава Грамота за тоа;
            7. дава канонски прием и отпуст на свештени и монашки лица;
            8. именува и разрешува свој заменик, за што го известува и Светиот Синод;
            9. именува проповедници и вероучители во Епархијата, како и исповедници за свештениците во Епархијата, по намесништва;
            10. по предлог на манастирските старешини, или на сопствена иницијатива, дава благослов на достојни лица за стапување во монашки чин;
            11. поставува и разрешува старешини на манастири;
            12. одлучува за диспензација и конвалидација на црковно-брачни и други забрани, според каноните и прописите;
            13. дава отсуство на службеници и свештени лица во и надвор од својата Епархија,
            14. испраќа посебни претставници за вршење преглед на епархиските и намесничките канцеларии, манстирските управи и црковните општини;
            15. суди на свештени лица од обата реда, за помали (дисциплински) одговорности, со усна и писмена опомена, укор, епитимија до 15 дена и забрана за свештенодејство до 1 месец, а за поголема дисциплинска одговорност, ги предава на Епархискиот Црковен Суд; суди и изрекува казни за привремено лишување од одделни права и почести во Црквата. Сите овие одлуки се извршни;
            16. отстранува од свештенодејство, свештени лица обвинети на епархиски Суд за одговорност, и им одредува заменици;
            17. во случај на тешка и докажана одговорност, во својата Епархија, може да го суспендира од функција црковниот персонал од секој ред, дури и пред започнувањето на истражната постапка, која мора да отпочне најдоцна 30 дена од денот на суспендирањето;
            18. ги свикува и претседава со телата и органите на Епархијата, и се грижи за извршување на нивните одлуки;
            19. настојува сите одредби, решенија и одлуки на повисоките црковни власти, благовремено и точно да се соопштуваат и извршуваат во Епархијата. За уставноста и законитоста на своето работење, одговара пред Светиот Синод;
            20. му поднесува на Светиот Синод годишен извештај, за својата работа и за состојбите во Епархијата;
            21. пофалува и одликува свештеници, монашки и мирски лица;
            22. врши и други работи што произлегуваат од овој Устав и црковните прописи
            што се донесуваат врз основа на него, како и работите што му принадлежат како член на Светиот Синод,
            Како сопственост на архиерејот, се смета само оној имот што самиот го стекнал;
            најмногу 25% од тој имот, по смртта на архиерејот, и припаѓа на Епархијата, додека со останатиот дел, доколку со посебен тестамент не е распореден, се распоредува согласно со државните законски прописи.
            Библиотеката, архиерејските одежди и други црковни предмети, по смртта на архиерејот исклучиво и припаѓаат на неговата Епархија.

          2. Сегашниот викарен епископ Хераклејски Климент има ингеренции само на игумен на 3-4 манастири и мислам дека не е ни член на епархискиот управен одбор на Преспанско-пелагониската епархија.

  2. Народот да си верува во Бога Троичниот и да си ја подобрува верата катаден … обврските на Синодот и на Владиците си се обврски на Синодот и на Владиците … обврските на игумените и архимандритите си се обврски на игумените и архимандритите, под надлежност на Владиците … не судете по сечиј тертип … Ние дома кај нас самите не знаеме што се случува и што си имаме, на Владиката ке му судиме … а која е вистината и правдата, само Господ ке си суди … Смирете се луѓе, смирете се … оти тешко нам ке биде …

  3. Да видиме Синодот што ќе каже. Иако, по света Петка Рогдаил, можеме да претпоставиме што ќе каже.

  4. Malo pojasnuvanje za shto mu se sudi na o Gavril.
    Za skroenoto scenario od strana na negova strana. Go koristi sveshtenstvoto kako instrument preku zakani i “poslushanie” da shirat lagi i nevistini za svojot brat.Koristi “zrtveni jagninja-lazni svedoci “koi od samo za niv poznati prichini igraat po nivnite valkani pravila l igri samo da si ja postigni celta. Da ne tretira nas vernicite kako sekta samo shto nauchivme malku poveke za
    Boga.Krivi sme zatoa shto se odvlekovme od svetot i pochnavme da ziveeme duhovno:-( . Za v.Petar postojat drugi vrednosti, vazi praviloto” neglefaj shto pravam slushajme shto zboruvam”
    Ste se zaprashale za toa kava shteta se ima napraveno….. i ushte kolku se pravi?
    Nashata idnina kako i idninata na nashite deca e ostavena vo Vashi race , razmislete !!!!!!!!!
    Ako vladikata e ikona Bozja, kade e ljubovta tuka? Kade e duhovnosta? Dali vladikata e nash primer vo Avstralija?
    Od kogo nie da uchime?
    Se nadevam deka Sinodot ke se zaprasha deka navistina ima neshto shto tuka vo Avstralija ne e vo red.

  5. Мислам дека со сите досегашни глупости,скандали некако се провлече ама со оваа негова хајка на о.Гаврил мислам дека се прецени. Само си ја копа поголема дупката во која ќе тресне по сопствена вина.Но се е за полза.

  6. Во Среда предаден и осуден……
    Во Петок распнат…..

  7. Се гледа дека времето го изело г. Петар, не е спремен да се носи со предизвиците и под тој притисок запаѓа од грешка во грешка, наместо да ги седи на страна и да си ги проживее останатите години од животот мирно, прави голем срам на себе и на МПЦ покажувајќи ја својата неспособност.

Напиши одговор на Pavlina Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *