Почетна Вести Европа Телефонски разговор на Путин со Вселенскиот Патријарх
Телефонски разговор на Путин со Вселенскиот Патријарх

Телефонски разговор на Путин со Вселенскиот Патријарх

214
0

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски го барал Вселенскиот Патријарх и разговарал со него за време на посетата на Турција, објави интернет порталот Ромфеа.

Путин и Вартоломеј телефонски разговарале во вторникот, а според информациите Вселенскиот патријарх му честитал на Путин за неговата победа на неодамнешните избори.

Путин пак му се заблагодари на Патријархот Вартоломеј и му ги пренел поздравите од Патријархот Московски и на цела Русија Кирил и изразил благодарност за континуираната поддршка на единството на Православието.

Претседателот Путин му се заблагодарил на Патријархот за неговиот голем придонес во создавањето услови за исполнување на верските потреби на претставниците на заедницата која зборува руски јазик во Турција.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *