Почетна Анализа Танцот на Ердоган со радикализмот: Дали Турција лизга кон екстремниот ислам?
Танцот на Ердоган со радикализмот: Дали Турција лизга кон екстремниот ислам?

Танцот на Ердоган со радикализмот: Дали Турција лизга кон екстремниот ислам?

302
0

Откако дојде на власт во Турција, претседателот Реџеп Тајип Ердоган константно е на удар на обвинувања дека го урива секуларното наследство на Ататурк и форсира враќање на верските закони.

Неодамнешниот неуспешен обид за државен удар само му даде крилја да го забрза остварувањето на својата цел. Меѓутоа, дали таа цел значи дека со Турција ќе завладее режим на радикалниот ислам?

ERDOGAN T 5Напуштањето на традиционалниот прагматизам заради исламската идеологија доведе до лабавење на политиката и дури до поддршка насочена кон милитантите кои се борат против Башар ал Асад во Сирија. Тоа на Ердоган му се врати како бумеранг, па Турција за возврат доби џихадисти кои често го преминуваат нејзиниот праг и вршат терористички напади во најголемите градови.

Уште во 2010 година тогашниот турски премиер Ахмет Давитоглу најави потреба „Турција да се реинтегрира со својот регион‟. Имајќи предвид дека регионот го прават Ирак, Иран, Саудиска Арабија,  пораката меѓу редови е сосема јасна.

– Ердоган ја менува политиката на тоа што се вика модерен Ислам во нешто што се нарекува радикален Ислам. Тој сака да создаде свој Калифат и да стане султан, изјави за „Блиц‟, Џевад Галијашевиќ, експерт за меѓународен тероризам и познавач на состојбите на Блискиот Исток.

УШТЕ ОД ДЕТСТВОТО НАКЛОНЕТ КОН РЕЛИГИЈАТА

Имајќи го предвид минатото на Ердоган, теоријата за можно лизгање на Турција во екстремен Ислам не е невозможна.

Како дете, Ердоган го посетувал верското училиште „Имам Хатип“, никогаш не учел англиски јазик, ги отфрлал вредностите на западниот свет и речиси воопшто не ја напуштал Турција. Кога се одлучил да се занимава со политика, тогашниот естаблишмент се обидувал да ја саботира неговата кариера, што само ги зацврстило неговите ставови.

ERDOGAN T 2Втора причина е исламското движење Национална Визија (Мили Ѓоруш), кое има корени во Муслиманското братство. Ова движење го основа Неџметин Ербакан, поранешен турски премиер и долгогодишен ментор на Ердоган. Исламските вредности на Мили Ѓоруш биле еден од темелите на Партијата на народен спас на Ербакан, прва партија во која Ердоган имал политичко учество. Ербакан и Ердоган делеле исти ставови за „уличниот Ислам‟, според кој улогата на народот треба да биде посилна од таа која ја имаат политичките институции.

Движењето Мили Ѓоруш меѓу другото го осудува приближувањето кон Европа и заедничкиот пазар го смета за ционистички и католички проект за деисламизација на Турција.

Како што тврди поранешниот амбасадор на САД во Турција, Роберт Пирсон, Ердоган никогаш немал намера да биде реформатор.

– Под маската на политика на реформи, Ердоган полека ја концентрираше моќта во своите раце така што ги укина државните судови, го намали влијанието на војската и тоа што е најважно: ги намали ограничувањата на турската Влада кои се однесуваа на регионот, смета Пирсон.

ERDOGAN T 4Обвиненијата за репресијата на Ердоган во медиумите, неутрализирањето на образовните, воените и судските институции кои би служеле како контрола на државната моќ, се исти како тие кои им се упатени на Саудијците и остатокот од исламскиот регион во кој Турција сака да се реинтегрира, додава Пирсон.

Посветеноста на Ердоган на неговата изворна филозофија му донесе огромен политички успех, но цената на тоа ќе биде се поголема и поголема, како за него така и за турскиот народ.

ИСПАДИ ВО МИНАТОТО

При подемот на својата политичка кариера Ердоган е осуден на 10 месеци затвор, од кои четири месеци ги минал зад решетки. Осуден е во 1997 година, откако ја прочитал песната: „Џамиите се наши касарни, куполите наши шлемови, минарињата бајонети, а верниците војници‟.

ERDOGAN T 3Иако претходно се докажал како врвен градоначалник на Истанбул, решавајќи ги комуналните градски проблеми, ваквиот испад (покрај забраната за точење на алкохол), протолкуван е како закана за секуларните темели на општеството, кои го воспостави Кемал Ататурк, а кои токму војската беше задолжена да ги штити.

/БЛИЦ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *